Со доаѓањето на технологијата и социјалните медиуми постојано се зголемува брзината на животот, а луѓето можат да се чувствуваат повеќе поврзани, на некој начин.
Луѓето да се чувствуваат несреќно и осамено, кога забележуваат дека нивната група на пријатели, како што стареат, станува сé помала и помала. Но ова е сосема нормална работа која на сите им се случува со текот на времето.
Има утра и Утра. Во првите се будиш од кошмари, во вторите се будиш за да ги оствариш своите соништа...
Се будам, ги отворам очите, го гледам денот, убав е. Која ли маска денес да ја ставам? Да, може таа пред некој ден што ја носев, мислам ќе ми одговара на денешното расположение...
Додека растеш веруваш во херои кои те тераат да станеш личност која ќе го следи кодексот на добро однесување, личност која по сите правила би требало да биде успешна и да чекори цврсто совладувајќи се пред себе...
Отсекогаш мразев да станам наутро и да застанам пред огледалото, некако како да ме плашеше погледот во него. Знам додека растев посакав некој да ја забрани употребата на огледалата и да ги запали слично како вретеното во приказната за Трнорушка.
25 години се добра цифра која со себе носи, скромно искуство, зрелост, одговорност, млад дух и ентузијазам.
Колку и да се обидуваш да пронајдеш алгоритам во животот, некоја шема според која треба да живееш за да ги избегнеш сите лоши работи, сфаќаш дека тоа така не оди, нема сигурна линија врз која можеш да газиш и со помош на регулатор да се враќаш повторно на неа кога ќе погрешиш.
Понекогаш се прашувам како животот наоѓа начин да изврши конекција помеѓу луѓето и да направи спој на два сосема различни светови. Како целата таа спојка се вклопува во целата негова измешана теорија на веројатности...
Ќе те паметам како човекот кој ме направи жена. Човекот со најгрубите раце, а најнежниот допир. Човек, кој кога ќе каже не, тоа е засекогаш.
Кога сме помали сѐ што сакаме е да пораснеме, а кога сме возрасни сѐ би дале за да го вратиме времето назад. Но, за жал времето не се враќа, а со текот на годините учиме важни лекции кои кога би можеле би се вратиле во минатото...
Честопати луѓето настојуваат да избегнуваат грешки, но колку и да се трудиш да ги одбегнеш тие ќе те стигнат и ќе се случат кога најмалку очекуваш.
Ако уште некој ми каже „Време ти е“, ќе излезам од сопствената кожа. Каде тоа пишува и што воопшто значи и како всушност некој може да знае кога мене ми е време?
Научив да го ценам времето. Како што минува сфаќам колку ми е важен секој момент. Со тек на времето научив дека раните не се лечат...
Веќе незнам колку работи ги проголтав и прифатив, нешта кои не ги сакам! Сè во служба на комромисот и доброто однесување. И се прашувам, дали тоа некој го забележа или го искористи?
Сигурно сте се нашле во стиуација кога без никаква причина целиот свет ви бил на некој начин крив за сè. Ви сметал мирисот наутро и сината боја на небото, ви сметал гласот на човекот на радио и не можела да ве насмее дури ниту една глупост на вашите пријатели.
Со текот на времето некои работи не ни се интересни повеќе. Се чувствуваме старо да ги правиме повторно, немаме желба или интерес или едноставно се срамиме да ја покажеме нашата детска страна. Бидејќи сега сме возрасни, нели. Но, некои работи никогаш нема да ги надраснеме.
Велат лесно е да заминеш и да бараш подобро поднебје за опстанок. Велат лесно е да спакуваш сѐ она што било убаво во еден куфер, а она што те повредило да го оставиш и да заминеш.