Ми недостига мирисот на мојот дом...

Велат лесно е да заминеш и да бараш подобро поднебје за опстанок. Велат лесно е да спакуваш сѐ она што било убаво во еден куфер, а она што те повредило да го оставиш и да заминеш.

mi-nedostiga-mirisot-na-mojot-dom-001.jpg

Навистина изгледа авантуристичко, изгледа ново и сосема лесно, но сè до самиот момент кога треба да го спакуваш тој куфер и да заминеш, за сè она што си градел да се изгуби пропорционално со твојот нов почеток.

Кога ќе се наведнеш да ги врзеш патиките и да го кажеш последното збогум, тогаш една кнедла застанува во грлото, но се убедуваш дека ќе биде подобро кога ќе заминеш.

Станува подобро со самото тргнување, со новиот живот кој те очекува, со сѐ што треба да се види и да се направи.

Исполнет си со обврски, со нови доживувања, со нови луѓе и желбата да се стигне до целта. Но, си поставуваш едно прашање, а тоа е дали во сите перипетии надвор од дома ти си среќен?

Никогаш не мислев дека ќе си признаам, но колку што обожавав да бидам самостоен и да менувам често локации кога ќе ми станат здодевни, се фаќав себеси во долги размислувања за првиот дом, родното место каде што сум израснал.

И покрај тоа што пропатував и видов многу, разни луѓе и разни приказни, се соочив со многу проблеми, јас никогаш не престанав да мислам за улицата на која првпат го возев мојот велосипед.

Сè уште ми се враќа мирисот на тазе леб од старата фурна на баба ми и вкусот на слаткото кое мајка ми го правеше од диви јагоди.

Ми недостасува детската насмевка на другарите од нашата улица.

Кога ќе замижам ми се враќа пејзажот од блиската планина и ми навираат солзи за сите спомени некаде избледени во воздухот.

Посакувам сега да можам да ја претрчам огромната ливада со камилица и да се струполам некаде на средината.

Ми недостига таа безгрижност и таа слобода кога можев да речам дека уживам додека живеам.

Ме довикуваше секогаш кога ќе се задлабочев во мислите и не можев да побегнам, а кога тргнав мислев дека сè ќе биде поинаку.

Но, во животот сè си има своја цена.

Некои работи ги губиш за да добиеш нови, нема каење и нема назад, изборот ти ја дефинира животната патека.

Но, колку и да не сакаш да си признаеш, само дома навистина ќе се чувствуваш како да си дома. Во спротивно, насекаде ќе го имаш она чувство кое ќе те потсетува дека тоа не е твој дом.

И без разлика каде ќе стигнеш, еден ден мора повторно да се вратиш за да си ја наполниш душата и да се почувствуваш одново жив...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg