Има утра и Утра - Во првите се будиш со вкочанети коски, во вторите се будиш насмеан
Има утра и Утра.
Во првите се будиш од кошмари, во вторите се будиш за да ги оствариш своите соништа.
Има утра и Утра.
Во првите се будиш со вкочанети коски. Во вторите се будиш насмеан, подготвен да го освоиш светот, да го насмевнеш човекот покрај тебе.
Има утре и Утре.
Во првото се плашиш од него. Второто те радува, едвај чекаш да го прегрнеш, да се избориш за своето место под сонцето.
Има утре и Утре.
Од утре ти се гади, ти се плаче, те боли. Од Утре, знаеш ќе биде подобро. Ќе се радуваш!
Со текот на времето сфаќаш дека утрата на секој утрешен ден можат да бидат бескрајно убави.
Сфаќаш дека брендот на душекот не е важен, туку човекот со кого го делиш душекот.
Утрото е оној дел од денот кога по своја волја можеш да се легачиш или да бидеш максимално продуктивен сè додека изборот те прави среќен.
М. К. | Црнобело