Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Половина од сијаличките на елката не работеа, лампионите беа во разни бои - Како украсувавме во '90-тите?

Елките беа шарени, украсени со стаклени лампиони во сите бои. По елката стававме топчиња вата да изгледа како снег, а од бели листови хартија правевме снегулки и снешковци...

polovina-od-sijalickite-na-elkata-ne-rabotea-a-lampionite-bea-vo-razni-boi-kako-izgledaa-ukrasite-vo-90-tite-01.jpg

Крајот на месец декември секогаш кај нас буди убави чувства, многу насмевки и претпразнично расположение.

Некои уживаат во подарувањето подароци, некои во храната која се подготвува традиционално за празниците, а има и такви кои уживаат во украсувањето на просториите и китењето елка.

Порано новогодишни елки имале само богатите, а денес радоста при украсувањето на елката може да ја почувствуваат сите.

Украсите на елката беа рачно изработувани, во различни бои, големини и облици, па не залудно се вели „шарено како новогодишна елка“.

polovina-od-sijalickite-na-elkata-ne-rabotea-a-lampionite-bea-vo-razni-boi-kako-izgledaa-ukrasite-vo-90-tite-07_copy.jpg

Старите Германци користеле ореви, колачи, јаболка и подоцна и пуканки за да ја украсат елката, а за осветлување користеле вистински свеќи.

Во '90-тите сите имавме исти украси кои ги стававме по елките и собите.

Хит беа стаклените лампиони во различни бои, секој беше различен и посебен, но ако паднеа на подот, се кршеа на 100 парчиња.

polovina-od-sijalickite-na-elkata-ne-rabotea-a-lampionite-bea-vo-razni-boi-kako-izgledaa-ukrasite-vo-90-tite-02_copy.jpg

Имаше само еден вид сијалички, но со сигурност половина од сијаличките на жицата беа прегорени.

polovina-od-sijalickite-na-elkata-ne-rabotea-a-lampionite-bea-vo-razni-boi-kako-izgledaa-ukrasite-vo-90-tite-04.jpg

Собите ги украсувавме со разнобоен целофан, а прозорците со снегулки и снешковци од хартија.

polovina-od-sijalickite-na-elkata-ne-rabotea-a-lampionite-bea-vo-razni-boi-kako-izgledaa-ukrasite-vo-90-tite-03.jpg

На елката се ставаа топчиња памук за да изгледа како да навеало снег.

Низ целиот дом имаше надувани балони во сите бои.

polovina-od-sijalickite-na-elkata-ne-rabotea-a-lampionite-bea-vo-razni-boi-kako-izgledaa-ukrasite-vo-90-tite-05.jpg

А, ги паметите ли и овие бонбони со кои ги украсувавме елките, а потоа кришум и ги јадевме?

polovina-od-sijalickite-na-elkata-ne-rabotea-a-lampionite-bea-vo-razni-boi-kako-izgledaa-ukrasite-vo-90-tite-06.jpg

Ви недостасува ли празничната магија од минатото?

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
Ми недостигаат „Новите Години“ кога тортите беа несовршени, а елките не беа „во тон“ Празничната еуфорија е тука и топло ни е на душата секоја година во овој период,...
Живеам во нова зграда во Скопје - инвеститорот не ни ги исполни половина ветувања, а веќе не крева и... Од ветување за стан од висока класа добивме стан со ѕидови кои треба одново да с...
„Добро си избрала“, ми кажа пријателка кога зборував за мојот сопруг, па ме замисли Случајно разговарав со пријателка на повеќе теми и нели онака спонтано ви доаѓа ...
„Степ дринк“, „Симче“ - Производи кои им будат носталгија на сите што пораснаа во едно поинакво врем... Ако сте оделе во училиште на почетокот на 2000-тите години и на крајот на 90-тит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg