„Степ дринк“, „Симче“ - Производи кои им будат носталгија на сите што пораснаа во едно поинакво време

Ако сте оделе во училиште на почетокот на 2000-тите години и на крајот на 90-тите сигурно се сеќавате на некои од овие производи. Што купувувате вие најчесто ако во џебот најдевте 10-тина денари во џебот?

step-drink-simche-proizvodi-koi-im-budat-nostalgija-na-site-shto-porasnaa-vo-edno-poinakvo-vreme-01.jpg

Од слатки производи и чоколатца, до мастики за џвакање, инхалери за нос, топчиња и играчки... Постојат голем број предмети кои веќе ги нема, а со сигурност ќе ви разбудат носталгија.

Ние бевме генерација која имаше можност по цел ден да си игра на улица, која сама одеше во училиште и се снаоѓаше да се договори да се најде со другарите и пријателите и без мобилни телефони и интернет.

Генерација, која наместо постојано да зјапа во монитор, сакаше да гледа во светот околу себе, шарените излози, а и да ги купува производите и играчките што се рекламираа на телевизија или што се нудеа во продавниците.

Немавме деца инфлуенсери да ни кажуваат кои играчки треба да ги бараме, немавме некој да ни кажува што е добро, а што не, и на крај – кога ќе размислите поубаво, сепак имавме сѐ.

Имавме кисели мастики, кои мора да ги изедеш во друштво за да покажеш колку си храбар, додека другите те гледаат и со душа чекаат каква фаца ќе направиш, и не за да те снимаат, туку за да се пошегуваме.

step-drink-simche-proizvodi-koi-im-budat-nostalgija-na-site-shto-porasnaa-vo-edno-poinakvo-vreme-02.jpg

Пиевме Step drink од 10 денари, или купувавме сокови во амбалажа со овошје, во училиште сечкавме со ножици во форма на жаба, ги крадевме шминките на мама, си игравме со топчиња што скокаат (кои беа строго забранети во станот)...

За 10 денари си купувавме „Симче“ – нашето коцкасто милениче...

Купувавме ланчиња со цуцли и што се прелеваат...

Погледнете неколку фотки што сигурно ќе ве вратат на детството и ќе ви разбудат носталгија:

„Симче“ - вашето коцкасто милениче

step-drink-simche-proizvodi-koi-im-budat-nostalgija-na-site-shto-porasnaa-vo-edno-poinakvo-vreme-03.jpg

Инхалери, задолжителна „опрема“ за секое дете со затнат нос

step-drink-simche-proizvodi-koi-im-budat-nostalgija-na-site-shto-porasnaa-vo-edno-poinakvo-vreme-05.jpg

Зелени смоки „Агро флипс“

step-drink-simche-proizvodi-koi-im-budat-nostalgija-na-site-shto-porasnaa-vo-edno-poinakvo-vreme-06.jpg

Лажни мастики, што те тепаат по прст ако повлечеш

step-drink-simche-proizvodi-koi-im-budat-nostalgija-na-site-shto-porasnaa-vo-edno-poinakvo-vreme-08.jpg

Топчиња што скокаат (и се забранети во стан)

step-drink-simche-proizvodi-koi-im-budat-nostalgija-na-site-shto-porasnaa-vo-edno-poinakvo-vreme-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Полесни ми беа домашните како дете, отколку како родител – Ги разгалуваме ли несвесно децата? На Фејсбук деновиве се вртеше едно меме во кое верувам дека се пронајдоа голем б...
Скопски газда им скратил по 500 денари од плата на вработените за да направи новогодишна забава Вработените отишле на забавата, гневни затоа што треба сами да платат за сѐ, со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg