Наивноста во денешно време најскапо се плаќа

Веќе незнам колку работи ги проголтав и прифатив, нешта кои не ги сакам! Сè во служба на комромисот и доброто однесување. И се прашувам, дали тоа некој го забележа или го искористи?

naivnosta-vo-denesno-vreme-najskapo-se-plaka-01

Нема веќе да сум наивна, да тоа е точниот збор. Наивноста во денешно време најскапо се плаќа, да им ја оставиме на децата кај нив е природна, но што ако си ја носиш со години?

Ќе молчиш, ќе прифаќаш, ќе попушташ, ќе замолиш, ќе се извиниш, ќе ислушаш и на сметка на тоа нема да бидеш ислушан и ќе бидеш страшно манипулиран. Да, за жал лесно се манипулираат наивните, затоа што тие лесно прифаќаат, тие не сакаат да се расправаат, тие сакаат да остават добар впечаток, сè под изговор дека не вреди.

Ама многу вреди да го искажеш својот став во ова сурово општество, ако не побараш никој нема да ти даде, ако не земеш никој нема да ти подари, не е крадење, земи го тоа што е твое!

Време е за промени, затоа што веќе ми се гади од она што го проголтнав несоџвакано. Не можам, тоа е силен револт, кон себе, кон сите, чудно е тоа кога сфаќаш дека некаде и некому си марионета. Дека некој си поигрува со твојата попустливост, се каеш, а во тебе се раѓа лав спремен за борба кој до вчера бил маче, кое гребело само од милост.

Епа нема веќе така, затоа што ако си маче некој лав ќе те исплаши и ќе се повлечеш. Секогаш кога ќе покажеш разбирање добиваш манипулација, дозволуваш, но никој не е крив... „човек - човека волк“.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
Македонската естрада се разбуди од „зимски сон“ - браво, ме вративте во најубавите времиња на нашата... Времето на хибернација заврши, а македонската естрада како да се разбуди од „зим...
Бегај од луѓето кои изигруваат жртви на проблемите кои сами ги креирале Сите ние барем еднаш во животот сме се соочиле со личност која постојано изигрув...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Цеце Николова за CRNOBELO лексикон: „Посакувам да имам свој дом“ „Неодамна купив еден добар џогер. На секое чистење си велам - најдобрата инвести...
Мики Секуловски за CRNOBELO лексикон: „Брат ми правеше бељи, јас го извлекував подебелиот крај“ „Се плашам од користољубиви луѓе, а најголем идол ми е татко ми“ - Мики Секуловс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg