На последната страна...

Колку и да се обидуваш да пронајдеш алгоритам во животот, некоја шема според која треба да живееш за да ги избегнеш сите лоши работи, сфаќаш дека тоа така не оди, нема сигурна линија врз која можеш да газиш и со помош на регулатор да се враќаш повторно на неа кога ќе погрешиш.

na-poslednata-strana-001.jpg

Иронично нели, добиваш можност да искусиш многу работи, но како пробна верзија, не можеш да имаш сè и да бидеш среќен.

Такви мисли ми се вртеа додека незаинтересирано читав, седејќи во читалната. Некако како да ми беше срам што сите други беа задлабочени во книгите пред себе, само јас лутав со погледот. Ми текна дека немам платено членарина за тој месец и станав да ја завршам таа работа, си помислив добро ќе ми дојде мало застранување од материјалот.

Кога отидов кај библиотекарката, сфатив дека не сум бил единствениот чии мисли патуваат надалеку и се губат со секоја наредна мисла која доаѓа. Не го забележа моето доаѓање, па така можеби стоев цели пет минути чекајќи го нејзиното враќање во реалноста.

„Извини момче, јас целосно заминав некаде далеку, сум се задлабочила во содржината на книгата, сега ќе средиме“.

Стана и се упати кон мене. Ми ја зеде книшката, ги предадов парите, работата беше завршена, но забележав дека книгата која рече дека ја чита не беше испишана, туку беше празна.

„Извинете, дали може да знам што читате?“.

„Како едно младо момче добро забележуваш. Ја читам книгата на мојот живот, но како што гледаш празна е и срам ми е што ќе ти кажам дека мојата животна книга е празна. Од четириесет години животно искуство, јас сметам дека не сум запишала ништо корисно внатре. Затоа што животот беше суров кон мене. Човекот кој го сакав ме остави поради тоа што не можевме да имаме деца, никогаш не провери дали проблемот е во него или мене, само еден огромен притисок од неговите кој го заслепи. Не бевме важни јас и тој, сè што беше важно беше да родам, па зошто не сум родила, па што сум направила. Тешко време за мене кое ми остави трага за цел живот, сега сум сама, без никого, празна во душата како овие празни страници на мојата животна книга. За да биде уште поиронично работам во библиотека, сум прочитала многу книги, но пред да знам како ќе биде во книгата, сум ја читала последната страна и сум знаела што ќе има внатре.

За жал не умеев да ја прочитам мојата животна книга на тој начин, не знаев или можеби не можев и не умеев. И што ќе оставам јас зад себе само празнина, како оваа празна, неиспишана книга“.

Не се согласував со нејзиното тврдење дека нејзината книга треба да остане неиспишана и брзо составував мисли кои ги упатив кон неа.

„Со сета почит, но јас мислам дека воопшто не сте во право, баш напротив, добро е што вашата книга е празна, барем не содржи лоши белези од лоши времиња. Јас колку што сум сфатил, а сум живеел половина од вас, во животот никогаш не е доцна вистински да живееш. Она што било лошо, било тогаш за да биде нешто друго потоа, но тоа не дефинира апсолутна катастрофа.

Сè уште сте присутна, сè уште сте жива и сè уште не е доцна за нов почеток.

Можеби звучи чудно да слушнете од некој помлад од вас, но вие ја имате моќта да ги промените тие празни страници, само вие и никој друг. Во моментот кога ќе се ослободите од срамот, болката и она што било во минатото, вие вистински ќе живеете и ќе видите дека не отишло сè во бестрага“.

Беше тоа една тишина во која двајцата добро се разбравме, можеби таа не ја прочитала последната страна во која бил описот на нејзината животна книга, но јас никогаш не ги читам тие последни страни со опис или резиме.

Оставам да бидам изненаден од она што е внатре, бидејќи ако го знаеш крајот ќе се плашиш да менуваш сметајќи дека требало така да биде, ти одлучуваш како ќе изгледа конечната слика.

Празнините постојат за да бидат пополнети, а дали ќе оставиме да бидеме слика во која недостасуваат делови, тоа само од нас зависи.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg