Како што старееме ги губиме пријателите... што е сосема нормално

Луѓето да се чувствуваат несреќно и осамено, кога забележуваат дека нивната група на пријатели, како што стареат, станува сé помала и помала. Но, ова е сосема нормална работа која на сите им се случува со текот на времето.

Kako-sto-stareeme-gi-gubime-prijatelite-sto-e-sosema-normalno

Кога сте постари од 30 години не можете да излегувате со вашите пријатели безгрижно секој ден. Го сакале вие тоа или не, имате повеќе одговорности и појасна слика за она што го сакате во животот.

Еве зошто е нормално, како што старееме, да се изгубат некои пријатели и зошто не треба да бидете премногу потиштени поради тоа:

Семејството, кариерата и другите проблеми се во прв план. Како што старееме, сé повеќе се вклучуваме во градењето на кариерата или семејството. Поради ова едноставно немате време да се гледате често со многу од вашите пријатели, дури и кога сакате, што е сосема нормално и очекувано. Во животот се развиваме, растеме и стануваме мудри. Не треба секогаш да ги правиме истите работи кои пред 10 години нè правеле среќни, бидејќи и прироритетите ни се менуваат. Тоа е дел од животот. Се разбира дека е лошо да се изгубат пријателите, но тоа се случува. За среќа, денес постојат телефони, интернет, социјални мрежи... Користете ги ако не сакате да ги изгубите контактите со блиските пријатели.

Сфаќате дека некои пријателства едноставно не се вредни повеќе. Одржување на пријателствата е напорна работа за која е потребно време. Како што постојат некои пријателства кои вредат да се негуваат што е можно подолго, некои едноставно не се вредни да инвестирате во нив.

Географскиот фактор секогаш игра голема улога. Луѓето патуваат, се преселуваат, добиваат работа во други држави... постојат многу примери како овие и речиси сите го имаат поминато ова искуство со одредени пријатели. Понатамошно дружење со овие пријатели со тек на време може да стане премногу напорно или финансиски невозможно. Таквите пријателства најчесто избледуваат. Прифатете го тоа. Ретко кои пријателства опстојуваат во овие услови.

Ве интересираат различни нешта, бидејќи како што старееме се менуваме, исто како и нашите пријатели. Ова одалечување се случува полека, што е добро, бидејќи ви овозможува да се простите со старите пријатели и да направите простор за новите пријатели со кои делите слични интереси, размислувања, ставови и вредности.

Одредени пријателства ви стануваат приоритетни. Со текот на времето сте имале шанса да ги процените луѓето и да одредите со кои луѓе секогаш ќе останете пријатели, без разлика на околностите. На овие пријатели секогаш треба да им давате приоритет.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Мартинијан Кириловски за CRNOBELO лексикон: „Мајка ми ми е херој - жена со срце како планина“ „Би сакал да сум мачорот Том, од цртаниот филм „Том и Џери“. Едноставно ги обожа...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
Секој маж треба да се „разведе“ од својата мајката пред да се ожени... Мажи, заборавете на изјавите „Иста си како мајка ми“, „Мајка ми знаеше подобро“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg