25 работи кои ги научив на моите 25 години
25 години се добра цифра која со себе носи, скромно искуство, зрелост, одговорност, млад дух и ентузијазам.
Што научив за моите 25 години?
1. Родителите се најдобрите пријатели.
2. Пријателите се најголемото богатство.
3. Работата и работните обврски те прават човек.
4. Здравјето е најважно.
5. Бракот не е нужност.
6. Сексот е една од најдобрите работи во животот.
7. Љубовта е способност да дадеш, без да бараш за возврат.
8. Партнерството значи поддршка, убаво е да имаш некого покрај себе, но не по секоја цена.
9. Децата се најголемата радост што постои.
10. Самопочитта е основно правило во животот.
11. Оној што не сака животни, не сака ни луѓе.
12. Човек учи додека е жив.
13. Првиот снег, есенското сонце и зајдисонце во лето се моменти за уживање.
14. Кафето е синоним за добро утро.
15. Колку повеќе спиеш толку помалку живееш (искусуваш).
16. Среќата е субјективно чувство, а не состојба.
17. Тага и болката се неизбежни, мудрост е кога ги прифаќаш како такви.
18. После дождот доаѓа секогаш сонце.
19. Смеењето е најдобриот еликсир на младоста.
20. Домот е местото каде се чувствуваш комфорно.
21. Тој што дава, секогаш ќе има.
22. Смртта значи крај, но и почеток на нешто друго, непознато.
23. Религијата е најголемата утеха.
24. Во виното е вистината, а вистината е секогаш сурова.
25. Животот е борба, се живее само со полно срце и позитивни мисли!
Н. Т. | Црнобело