Живот или маскенбал?

Се будам, ги отворам очите, го гледам денот, убав е. Која ли маска денес да ја ставам?

zivot-ili-maskenbal-01.jpg

Да, може таа пред некој ден што ја носев, мислам ќе ми одговара на денешното расположение. Да земам и една за резерва со мене?  Мислам дека и покрај насмеаната маска, денес со толку обврски ќе ми треба и ноншалантната... Да, ќе ја земам.

Го измив лицето,  си ја ставив маската и излегов од дома. По пат сите имаа маски, кој весели, среќни, насмеани, некои беа налутени, разочарани, тажни, загрижени. Не, не мислам на емоции, покажувањето емоции веќе одамна не е во мода.

Сега во мода се маските, којзнае може ќе почнат да се продаваат на пазар или пак ќе почнеме да одиме на едукација за избор на најдобра маска рано наутро?

Сега за сега секој рачно си ги изработува и си ги става по свој избор, речиси е невозможно да излезеш без маска, тоа ти е како да си излегол по долна облека или гол. А, голи никаде не се шетаме, така?

На работа избегнувам да менувам маска, бидејќи најчесто ми е потребна само една, онаа со благата насмевка, таа на никој не му пречи, пријатна е за око, добро влијае на другите.

Секој си има различна маска, најчесто се согласувам со луѓето кои имаат слична маска како мојата.  Си се смешкаме меѓусебно, дури и кога ни гори во душата.

И поминува денот...

Навечер во домот во зависност од атмосферата и обврските, понекогаш носам маска, а понекогаш ја вадам. Ретко ме гледаат без маска. Децата повеќе ме сакаат без маска, тие се единствените кои немаат потреба од маски, ама и нив ќе им дојде тоа.

За спиење ретко употребувам маска, ако не ја извадам знае да ме стега и да спијам лошо. Поради тоа ми е многу подобро без маска, но од дома никако не би излегла без неа!

Понекогаш се прашувам што е животот, бал под маски или циркус?

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
10 ју-хитови кои ги пеевме погрешно - и денес се смееме до солзи кога ќе се сетиме на нив Дали и вие наместо „Ostalo je još malo kremena u ovom mom starom upaljaču“ си пе...
Катарина Ивановска за CRNOBELO лексикон: „Во слободно време месам“ „Се скривме со другарка ми Ана зад кревет кога имавме 5 години. Нашите нè бараа ...
Живеам во нова зграда во Скопје - инвеститорот не ни ги исполни половина ветувања, а веќе не крева и... Од ветување за стан од висока класа добивме стан со ѕидови кои треба одново да с...
Од Македонија го пропатував половина свет - Што научив од моите соло патувања? Како да беа вчера деновиве кога сам кампував низ различни земји, кога без интерн...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg