10 ју-хитови кои ги пеевме погрешно - и денес се смееме до солзи кога ќе се сетиме на нив

Дали и вие наместо „Ostalo je još malo kremena u ovom mom starom upaljaču“ си пеете „Оstalo je još malo vremena“ кога го слушавте големиот хит на Дино Мерлин „Kremen“?

10-jugoslovenski-hitovi-koi-gi-peevme-pogreshno-i-denes-se-smeeme-do-solzi-koga-kje-se-setime-na-niv-01.jpg

Постојат неколку песни кои беа огромни хитови во Југославија, а кои, скоро сите ги пееја погрешно.

Можеби во прашање беше лошата дикција на пејачите, неразбирливи стихови или начинот на пеење, но ретки беа оние кои навистина ги знаеја точните стихови.

А и кога ќе ги дознаевме, пак си пеевме по свое.

Кои се југословенските хитови кои ги пеевме погрешно и кои се точните стихови?

„Рибља чорба - „Gde si u ovom glupom hotelu“

Оваа песна денес ја пеат и помладите генерации, а тие можеби знаат дека текстот на песната не е “Gorim ko papirni zmajevi“, туку „Ko dim, ko papirni zmajevi“ како што пееја многу луѓе.

Lepa Brena - „Jugoslovenka“

Песната „Jugoslovenka“ е една од оние што ја обележаа кариерата на Брена.

Но, многумина наместо „Setna mi je duša slovenska“ и сега пеат „Sestra mi je duša slovenska“.

Здравко Чолиќ - „Pusti, pusti modu“ и „April u Beogradu“

Многумина наместо „Pusti, pusti modu“ си пеат „Pusti, pusti vodu“.

А наместо „Аpril u Beogradu, jedno prošlo doba, nosim ga u mislima iz vojničkih soba“, пеат „Iz vojničhih snova“.

Оливер Мандиќ - „Odlazim, a volim te“

Колкупати сте слушнале некој наместо да пее „Dođavola sve, dođavola sav bol“, да си испее „Dođavola sve, dođavola sa mnom, odlazim, a volim te"?

Ѓорѓе Балашевиќ - „Devojka sa čardaš nogama“

Овој кантавтор зад себе остави бројни хитови, меѓу кои и „Devojka sa čardaš nogama“.

Но, дали знаете дека е точно „Baš od takvih su je čuvale tetke sa ladnim trajnama“, а не „Tetke sa lažnim tajnama“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Екс-ју песни кои годинава полнат 40 години (и ќе ви разбудат носталгија) Можете ли да поверувате дека „Princeza“ од Слаѓана Милошевиќ и Дадо Топиќ својат...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Живеам во Стојаково: Зошто избирам да живеам во село, наместо во град? Тука се живее послободно, трчаме на сопствена земја, се движиме послободно и без...
Јован Јованов и дел од естрадата: Како звучи „Магија“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Магија“ тоа звучи супер...
Во Охрид собиравме полни ќеси јаболка, во Дојран колачиња на стапче – Коледе од моето детство Секој град има свое објаснување за тоа како правилно треба да се прослават празн...
Први април: Наместо ден на шегата, се претвори во натпревар кој повеќе пари ќе потроши за правење ма... Кога јас бев дете, едвај чекав да станам овој ден и да почнам со „лаги и шеги“ н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg