Од Македонија го пропатував половина свет - Што научив од моите соло патувања?

Како да беа вчера деновиве кога сам кампував низ различни земји, кога без интернет конекција пробував да се движам низ улиците на Милано, Париз и Билбао. Или кога за првпат се најдов десетици метри под вода со боца со кислород, или кога бев да волонтирам во храм на Кришна во Белгија, да работам во хостел во Лисабон и да спијам во иста соба со уште четворица колеги...

solo-patuvanja-protivotrov-na-nashite-ogranicuvanja-i-sto-nauciv-od-niv-01.jpg

Мислам дека секој барем еднаш во животот треба да замине на некое соло патување – без пријатели, без партнер, без некој што го познава...  Само со себе, со својата приказна и сето она што е дел од тебе.

Соло патување е одисеја на самооткривање, зајакнување и растење на нашата личност, проширување на оној внатрешен простор за кој ни самите не сме свесни дека постои.

solo patuvanja protivotrov na nashite ogranicuvanja i sto nauciv od niv 7

Знам, на прв поглед идејата можеби ви изгледа застрашувачка, почнувате да се сомневате во себе, се соочувате со многу прашања, но штом ќе зачекорите по тие отворени патишта, нашиот личен свет почнува да се трансформира и никогаш нема да бидеме истата личност како од порано.

solo patuvanja protivotrov na nashite ogranicuvanja i sto nauciv od niv 3

За сите овие години на соло патувања, имам научено многу животни лекции.

Она што барем за мене е од круцијално значење е фактот што кога сме оддалечени од комфорот на домот и од нашето секојдневие, принудени сме да се соочиме со себе во најчиста форма.

Тогаш нема изговори, нема одвлекувања и замајувања на кои сме навикнати...

Како да беа вчера деновиве кога сам кампував низ различни земји, кога без интернет конекција пробував да се движам низ улиците на Милано, Париз и Билбао.

Или кога за првпат се најдов десетици метри под вода со боца со кислород, или кога бев да волонтирам во храм на Кришна во Белгија, да работам во хостел во Лисабон и да спијам во иста соба со уште четворица колеги...     

solo patuvanja protivotrov na nashite ogranicuvanja i sto nauciv od niv 8

Ваков вид патувања го зацврстува чувството на независност и самодоверба.

Кога ќе се најдеме во непознати градови, кога постојано ќе менуваме сместувања и ќе донесуваме спонтани одлуки, кога ќе се соочуваме со непланирани пречки и ќе наоѓаме брзи решенија, тогаш се наоѓаме во ситуација кога се изненадуваме од својата издржливост и научената лекција што дополнително ни влева храброст.

Ако дотогаш сте мислеле дека ви треба друштво за различни активности, само сте се замајувале.

Еве, на пример, пробајте да одите сами на некој музички фестивал кој трае неколку дена.

solo patuvanja protivotrov na nashite ogranicuvanja i sto nauciv od niv 2

Од многуте придобивки на соло патувањата, посебно ме радува запознавање интересни луѓе и воспоставување на врски со други култури.

Мора да си признаеме себеси дека кога ќе се најдеме сами на некое место, посклони сме кон запознавање на нови поединци отколку ако сме во друштво со некој близок.

Јазични бариери и култури разлики – тоа ќе си постои засекогаш. Затоа треба да бидеме благодарни на оние средби што ни отвораат нови перспективи за светот и ја будат емпатијата во нас.

Кога ќе размислам, имам пријатели низ многу држави во светот. Сè уште сум во комуникација со Феликс кој го запознав во Кан, со Анисија од Полска со која случајно се сретнавме во бар или со Фредерик кој беше мој домаќин при посетата на Келн...

solo patuvanja protivotrov na nashite ogranicuvanja i sto nauciv od niv 5

Да не беа тие соло патувања, моето животно искуство би било навистина посиромашно или, ајде да речеме, поскромно. Токму на тие патувања многу работи пробав за првпат. Нели тоа сите го посакуваме.

Ајде, од каде да почнам...

Ја посетив најзападната точка на Европа, ги слушав Artic Monkeys и Muse во живо, кајакарев со група на ученици во Данска, го видов едно од најубавите изгрејсонца на плажа во Португалија, пробав печени скакулци, уживав сам во природа со книга в раце после напорно планинарење, ја посетив куќата на Виктор Иго, Музејот на Ван Гог, бев на мала турнеја со еден бенд од Германија...

solo patuvanja protivotrov na nashite ogranicuvanja i sto nauciv od niv 6

На оваа тема можам да пишувам до утре, но важно е да запомниме дека соло патувањата се противотров на сите ограничувања што умот ни ги поставува.

Верувам дека многумина ќе се согласат дека овој вид патување не е само географско истражување и талкање, туку можност да се слушне повикот на животот и да се поместат личните граници.

Сите тие моменти на самотија, колку и да ни изгледаат безначајни и тешки, го кријат чувството на слободата што на сите нам ни е потребна.

solo patuvanja protivotrov na nashite ogranicuvanja i sto nauciv od niv 1

solo patuvanja protivotrov na nashite ogranicuvanja i sto nauciv od niv 4

solo patuvanja protivotrov na nashite ogranicuvanja i sto nauciv od niv 9

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg