Катарина Ивановска за CRNOBELO лексикон: „Во слободно време месам“

„Се скривме со другарка ми Ана зад кревет кога имавме 5 години. Нашите нè бараа со саати, мислеа дека нè украле“ - топ моделот Катарина Ивановска се потпиша во нашиот забавен лексикон.

katarina-ivanovska-za-crnobelo-leksikon-mesam-vo-slobodno-vreme-01.jpg

Катарина Ивановска, една од нашите најуспешни модели, е голем гурман и обожава да истражува нови дестинации. Токму затоа вели дека најдобро потрошени пари ѝ се оние што ги дала за вкусна храна и патувања.

Била одлична ученичка и во детството не се тепала, но ѝ се случувало да „изеде“ ќотек од својата 8 години постара сестра.

Катарина се потпиша во нашиот лексикон:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Се викам Катарина Ивановска и ме викаат Кики. Не Кате.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

Родена сум на 25.08.1988, имам 35 години и во хороскоп сум Девица.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Love My Life, пејач да кажеме Роби Вилијамс и, хмммм, Били Ајлиш, Ејми Вајнхаус, Дуа Липа.

katarina-ivanovska-za-crnobelo-leksikon-mesam-vo-slobodno-vreme-03.jpg

4. А омилена книга?

„Музеј на невиноста“ од Орхан Памук.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Рајан Гослинг, Хоакин Феникс, Адриен Броди, Шарлиз Терон, Џулиен Мур, Натали Портман се на лисатата актери и актерки.

Серии кои ги сакам се Sex and the City, Modern Family, а филм Blue is the Warmest Colour.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Тенис, МЗТ, Новак Ѓоковиќ, Вардар.

katarina-ivanovska-za-crnobelo-leksikon-mesam-vo-slobodno-vreme-11.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Немам.

8. Кој ти е среќен број?

9.

9. Кој ти е омилен виц?

Немам.

katarina-ivanovska-za-crnobelo-leksikon-mesam-vo-slobodno-vreme-02.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Ginger ale и секој вид на паста.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Зоран и Марко се другарки, а леле, многу се другарки и сите си ги сакам исто. Се дружиме доволно долго за да си кажеме сè.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев одлична и најмногу сакав историја.

katarina-ivanovska-za-crnobelo-leksikon-mesam-vo-slobodno-vreme-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg