„Во 5 часот утрово слушнав тресок. Истрчав надвор, и, кога погледнав кај гаражата, видов хаос. Ми рекоа дека авион се срушил“ – во оваа насока одат сведоштвата на луѓето што живеат во близина на станбената зграда во Вилнус каде се урна товарен авион. На видеоснимките се гледа огромниот пожар што следувал по уривањето на авионот.