Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сведоштва и видеа од падот на товарниот авион во Вилнус врз станбена зграда: „Како небото да го осветли метеор“

„Во 5 часот утрово слушнав тресок. Истрчав надвор, и кога погледнав кај гаражата, видов хаос. Ми рекоа дека авион на DHL се срушил“ – во оваа насока одат сведоштвата на луѓето што живеат во близина на станбената зграда во Вилнус, Литванија, каде се урна товарен авион. На видеоснимките се гледа огромниот пожар што следувал по уривањето на авионот.

kako-neboto-da-go-osvetli-meteor-svedoshtva-za-padot-na-tovarniot-avion-vo-vilnus-vo-stanbena-zgrada-01.jpg

Товарен авион на компанијата DHL утрово (25.11) се урна во близина на аеродромот во Вилнус, Литванија.

Инцидентот се случил кога авионот што летал од Лајпциг кон главниот град на Литванија се урнал на околу 4 километри од аеродромот. 

Според пишувањата во литванските медиуми, авионот „за влакно“ ја промашил зградата во која живеат 12 лица и само со дел од крилото удрил во кровот, па така е избегната уште поголема несреќа и загуба на животи.

kako-neboto-da-go-osvetli-meteor-svedoshtva-i-videa-od-padot-na-tovarniot-avion-vo-vilnus-vo-stanbena-zgrada-02.jpg

Според првичните информации, во авионот, кој се урнал во 05:28 часот по локално време, имало 4 лица, од кои едно починало, додека во станбената зграда нема повредени лица.

По уривањето на авионот настанал силен пожар, а вкупно 14 лица од околните објекти биле евакуирани.

Засега нема точни податоци која била причината за падот на авионот, но властите ќе истражуваат дополнително дали имало технички проблем со леталото, или, пак, станува обид за терористички напад.

kako-neboto-da-go-osvetli-meteor-svedoshtva-i-videa-od-padot-na-tovarniot-avion-vo-vilnus-vo-stanbena-zgrada-03.jpg

На социјалните мрежи се објавени видеа на кои може да се види дека небото буквално било осветлено над Вилнус во моментот по несреќата, а според изјави на очевидци, несреќата наликувала на удар од метеор.

„Не го видов ударот. Бев во надворешниот тоалет. Станав утрото, ја затворив вратата од тоалетот и слушнав дека доаѓа авион. Беше навистина блиску.

Одеднаш небото се осветли.

Не слушнав удар, но светлината беше како од метеор и го осветли целиот двор, сè беше осветлено на еден километар околу мене.

Потоа имаше пожар и многу чад“ – вели еден очевидец.

kako-neboto-da-go-osvetli-meteor-svedoshtva-i-videa-od-padot-na-tovarniot-avion-vo-vilnus-vo-stanbena-zgrada-04.jpg

Други пак велат дека слушнале силен тресок, како кровот од куќата да се срушил.

„Во 5 часот утрово слушнав тресок. Истрчав надвор, и, кога погледнав кај гаражата, видов хаос.

Ми рекоа дека авион се срушил.

Веднаш избувна пожар. Сè уште сум во шок, рацете ми се тресат“ – вели уште една жена која живее во непосредна близина на несреќата.

Погледнете дел од видеоснимките што се споделуваат на Твитер:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“ „Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Учителка ги вежба дечињата во градинка во Кина како да избегаат при пожар (видео) Со импровизација на пожар со чад и сирена, учителка во Кина обучува деца во град...
Детали за најсмртоносниот пожар во дискотека во Бразил во 2013-та: Настанал од пиротехника, загинале... Во 2013 година, Бразилците се соочиле со слична трагедија како ние деновиве. Во ...
Еруптираше вулкан на Бали - исфрли пепел во висина од 8km, повредено е едно лице и откажани се летов... Истиот овој вулкан еруптираше и минатата година, кога ги облеа околните села со ...
Жена од Бразил станала полицајка за да го фати убиецот на татко ѝ – го уапсила 25 години по убиствот... 36-годишна полицајка од Бразил го посветила целиот живот на барањето на убиецот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg