Заврши реновирањето на катедралата Нотр Дам, 5 години по пожарот – од декември ќе биде отворена за јавност (фото+видео)
- Детали
- петок, 29 ноември 2024
По пет години напорна работа и 700 милиони евра, катедралата Нотр Дам што ја краси престолнината на Париз конечно е реновирана, а ќе биде отворена за јавност од 7-ми декември.
Пет години по пожарот што ја уништи Богородичната црква во Париз, позната и како Нотр Дам, таа повторно ќе биде отворена за јавноста.
Големото отворање е закажано за 7-ми декември, но францускиот премиер, заедно со дел од француските медиуми, веќе имаше можност да ја посети катедралата.
Емануел Макрон изјави дека реконструкцијата на катедралата, која е една од најзначајните градби во Франција, е симбол за национално единство.
Во говорот што го одржа во катедралата, тој изјави дека сега Нотр Дам е дури и поубава од претходно, а истакна дека нејзината реконструкција беше „предизвик што многумина го сметаа за луд“.
Пожарот во катедралата избувна на 19-ти април 2019 година, а кога беше утврдена штетата, Макрон даде ветување дека ќе биде реновирана и повторно отворена за јавноста за пет години.
За реконструкцијата, која чинеше околу 700 милиони евра, беа задолжени 250 различни компании.
Над 2.000 инженери, градежници и други експери беа вклучени во реконструкцијата, а сите се поканети на големото отворање на почетокот од декември.
„Оваа последна посета (пред отворањето) е можност да им се заблагодарам на сите нив – од столарите до металурзите, од оние кои работеа на ѕвоната, до оние кои ги реставрираа уметничките дела, од архитектите, археолозите инженерите, до административците“, изјави, меѓу другото, Макрон.
Реконструкцијата се изврши со помош на донации на дури 150 држави.
Ентериерот на катедралата е главно ист, заедно со подот со црни и бели плочки, а сега е додаден и нов механизам за заштита од пожари.
Имено, низ катедралата се монтирани цевки кои во случај на пожар, веднаш се активираат и испуштаат вода.
Повеќе фотки и видеа од реновираната катедрала:
Спирова С. | Црнобело