„Камбаните на Нотр Дам повторно бијат“: Свечено отворање на катедралата во Париз, стоечки овации за пожарникарите (фото+видео)
- Детали
- недела, 08 декември 2024
Меѓу присутните беа Салма Хајек и нејзиниот сопруг кој донира 100 милиони долари за реновирањето, но и светски лидери како принцот Вилијам и Доналд Трамп.
Синоќа (7.12) во Париз имаше церемонија за повторното отворање на Нотр Дам, која беше реновирана пет години по пожарот кој ја уништи.
Покрај францускиот претседател, меѓу присутните беа и некои од најголемите светски лидери вклучувајќи ги принцот Вилијам и Доналд Трамп.
Имаше и познати личности како Салма Хајек со сопругот кој донира 100 милиони долари за реновирањето, но и милијардерот Илон Маск.
По говорот на Макрон, имаше музичка точка на оргулите во катедралата кои исто така се нови.
Свој момент имаа и пожарникарите кои помогнаа во гаснењето на пожарот, кои парадираа меѓу присутните, а добија и стоечки овации.
Имаше специјална порака и од папата, додека во својот говор Макрон изјави дека „Камбаните на Нотр Дам повторно бијат“.
Ништо помалку спектакуларен не беше ни погледот однадвор – фасадата на катедралата беше осветлена и на разни јазици беше проектиран зборот „благодарам“ насочен кон оние кои помогнаа во реставрирањето.
До 15-ти декември во катедралата ќе се прославува повторното отворање, но потоа ќе биде отворена за јавноста и туристите.
За потсетување, катедралата ја зафат пожар во 2019 година, кој уништи голем дел од ентериерот.
Уште тогаш, францускиот претседател вети дека ќе биде реновирана за околу пет години – подвиг што многумина го оценуваа како луд.
Сепак, со помошта на илјадниците талентирани архитекти инженери и работници, реновирањето беше завршено навреме.
Погледнете и: Заврши реновирањето на катедралата Нотр Дам, 5 години по пожарот – од декември ќе биде отворена за јавност (фото+видео)
Повеќе фотографии и видеа од реновираната катедрала:
Спирова С. | Црнобело