Има само 236 жители, немаат брави на вратите: Каков е животот на еден од најизолираните острови на светот?

Дали некогаш си замислувате за дом од соништата кој се наоѓа на некој зафрлен, идиличен остров со преубави пејзажи?

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-01.jpg

Ако е така, тогаш ќе ви се допадне приказната за Тристан да Куња.

Тристан да Куња е група од острови во јужниот дел на Атлантикот, 2.816 километри од Јужна Африка и 3.360 километри од Јужна Америка. Островите се дел од британските прекуморски територии.

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-16.jpg

Територијата на овие острови се состои од главниот вулкански остров Тристан да Куња, со површина од 98km2, како и од неколку ненаселени острови како што се Непристапниот Остров, Славеевите Острови и островот Гоф, 395 километри југоисточно од Тристан, на коj е поставена метеоролошка станица.

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-18.jpg

На островoт Тристан да Куња живеат само 236 луѓе во едно село, во заедница која е затворена кон надворешниот свет.

Односно, тоа се само десетина семејства, кои добро се познаваат меѓу себе и кои толку си веруваат еден на друг што дури не ги заклучуваат вратите од своите домови.

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-23.jpg

Во едно постаро интервју за BBC eден жител има изјавено: „Вашите деца можете да ги пуштите секаде, буквално секаде. Ние не ги заклучуваме вратите, ниту ги затвораме прозорците кога излегуваме“.

Звучи идилично, зарем не?

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-07.jpg

Но, овој остров не може да ви биде дом освен ако немате семејно потекло оттаму, пишува на официјалниот сајт на островот.

Исто така нема понуда на работни места, освен некои специфични професии како доктор, професори, научници и слично, но со договори од по 2 години.

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-03.jpg

Гордост на локалците е јастогот, кој одлично го приготвуваат и исто така го извезуваат.

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-11.jpg

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-10.jpg

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-09.jpg

На островот се стигнува само со брод. Се тргнува од Јужна Африка и се патува околу една седмица.

Локалните жители им се радуваат на посетителите и со задоволство ги споделуваат нивните традиција и култура, но речиси и нема туристи поради далечината. 

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-12.jpg

Природата, пак, е неверојатна – насекаде има карпи и фоки.

Отпатувајте на островoт Тристан да Куња преку фотографии:

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-22.jpg

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-21.jpg

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-20.jpg

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-19.jpg

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-15.jpg

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-14.jpg

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-13.jpg

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-08.jpg

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-06.jpg

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-05.jpg

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-04.jpg

ima-samo-236-zhiteli-nemaat-bravi-na-vratite-kakov-e-zhivotot-na-eden-od-najizoliranite-ostrovi-na-svetot-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
„Имам 75 години и танцувам на шипка – Пријателите ми свртеа грб, но јас го живеам мојот сон“ „Немав поим дали можам да танцувам на моја возраст и со моите болести, но не сам...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg