Новогодишната магија во Париз започна: Галеријата Лафајет украсена со елка на која има 20.000 сијалички
- Детали
- вторник, 26 ноември 2024
Оригинално светлечко шоу со 20.000 светилки, уметничка инсталација во форма на елка, разиграни кукли во излозите... Галеријата Лафајет во Париз блесна во новогодишно руво. Погледнете како изгледа претпразничната магија, по повод 130 години од започнувањето на традицијата.
Откривањето на новогодишната елка и декорациите на излозите во Галеријата Лафајет е традиција која веќе 130 години се негува во главниот град на Франција.
Годинава, слично како и минатата, под куполата нема вистинска елка, туку уметничка инсталација, на која стои натписот „130-тиот Божиќ“
Елката е висока 25 метри, на неа има 16 светлечки ѕвезди и 20.000 светилки.
Новогодишната декорација во Лафајет претставува вистинско светлечко и музичко шоу што само треба да се доживее.
За разлика од минатогодишните декорации, кои според многумина беа застрашувачки, годинешните декорации се во боите на виножитото, и од светкави материјали.
Годинава, дизајнер на декорациите беше Кевин Германиер, кој го креираше костумот на „Златниот патник“ на Олимпијадата што годинава се одржа во Париз.
Кликнете на видеото за да погледнете дел од костимите и декорациите што тој ги изработи за декорациите на излозите во Галеријата Лафајет:
Погледнете уште неколку фотографии и видеа од елкaтa во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело