На 13 години ајкула ѝ ја одгризала раката, денес е една од најпознатите сурферки – Инспиративната приказна на Бетани Хамилтон
- Детали
- сабота, 26 октомври 2024
Бетани Хамилтон научила да сурфа на само 3-годишна возраст и веќе од 8-иот роденден одела и на натпревари. Но, на 13-годишна возраст, ајкула ѝ ја одгризала целата лева рака…
Бетани Хамилтон од Хаваи е вистинска инспирација – иако ја изгубила левата рака на 13-годишна возраст, ова не ја спречило да си го оствари сонот и да стане сурферка.
Со над 2 милиони Инстаграм следбеници, Бетани е една од најпознатите сурферки не само во САД, туку и во светот, а често ја споделува својата приказна за да ги инспирира другите.
Бетани научила да сурфа на само 3-годишна возраст, а веќе до осмиот роденден почнала и да се натпреварува.
Во 2003 година, кога имала 13 години, Бетани сурфала со пријателка и нејзиното семејство.
Додека сурфала, огромна ајкула ѝ ја одгризала левата рака до рамото.
Благодарение на брзата реакција на семејството на пријателката, Бетани веднаш била изнесена на брегот каде што ѝ ја преврзале раната.
Тие повикале и брза помош, но додека да ја однесат до болница, веќе изгубила 60% од нејзината крв.
Но, храбрата Бетани не само што преживеала, туку закрепнала по само еден месец.
Одлучила дека повредата нема да ја сопре во намерата да стане сурферка и почнала да сурфа речиси веднаш откако излегла од болница.
Веќе седната година, во 2004-та, таа продолжила и да се натпреварува.
Во САД, Бетани брзо се прославила поради нејзината приказна.
Гостувала во бројни американски телевизиски емисии, вклучувајќи ги и шоуата на Елен Деџенерис и Опра Винфри.
Во 2011-та, беше издаден и филм инспириран од нејзината приказна (Soul Surfer), па Бетани стана светска сензација и наместо жртва на напад од ајкула, се претвори во инспиративна икона.
Од 2013 година, Бетани е во среќен брак со сопругот Адам Диркс, а заедно имаат четири деца.