Објавени првите фотки од божиќната магија во Галерија Лафајет во Париз: „Дедо Мраз годинава е страшен“

Огромна елка направена од кристали во форма на спирала и Дедо Мраз со несекојдневен изглед... Објавени се првите фотографии од елката во Галерија Лафајет во Париз, но коментарите се дека Дедо Мраз изгледа по малку страшно годинава.

objaveni-prvite-fotki-od-bozhikjnata-magija-vo-galerija-lafajet-vo-pariz-dedo-mraz-godinava-e-strashen-01.jpg

Голем број од светските метрополи веќе ги започнуваат подготвките за божиќните и новогодишните празници, а традиционално, и годинава беше поставена огромна елка во Галеријата Лафајет во Париз.

Од 1976-та година па наваму, секоја година во централната купола се поставува голема елка, а голем број од стаклата и излозите ќе бидат декорирани во согласност со темата.

Годинава, темата на декорацијата е „Божиќ од моите сништа“, а честа да создаде магичен божиќен универзум му припадна на францускиот моден дизајнер Шарл де Вилморин.

„Од елката, до прозорците и колекцијата на ексклузивните производи, дизајнерот дозволи неговата душа да му зборува за да може да создаде магичен универзум направен од приказни и чуда. Нека започне магијата“ – стои во најавата на официјалниот Инстаграм профил на Галерија Лафајет.

Годинешната елка е во форма на голема спирала, декорирана со кристали и необичен изглед на Дедо Мраз, што во голема мера се разликува од божиќните елки од изминатите години што беа изложени во познатата француска трговска куќа.

objaveni-prvite-fotki-od-bozhikjnata-magija-vo-galerija-lafajet-vo-pariz-dedo-mraz-godinava-e-strashen-02.jpg

Францускиот фотограф Фредерик Мишо ги објави првите фотографии од декорациите, а коментарите за нив се различни.

Парижаните се радуваат со раскошот на декорацијата, но се двоумат за изгледот на Дедо Мраз:

„Елката е убава, но Дедо Мраз е малку страшен“;

„Декорациите се поубави од минатата година, но Дедо Мраз е малку страшен“;

„Не ми се допаѓа, повеќе сакам традиционални елки“ – стои во дел од коментарите.

Освен големата елка во средината на куполата, ќе бидат украсени и голем број излози, со различна тематика, којашто ќе биде во согласност со божиќните и новогодишните празници.

Галерија Лафајет ќе биде облечена во божиќно руво сѐ до 31-ви декември.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

objaveni-prvite-fotki-od-bozhikjnata-magija-vo-galerija-lafajet-vo-pariz-dedo-mraz-godinava-e-strashen-03.jpg

objaveni-prvite-fotki-od-bozhikjnata-magija-vo-galerija-lafajet-vo-pariz-dedo-mraz-godinava-e-strashen-04.jpg

objaveni-prvite-fotki-od-bozhikjnata-magija-vo-galerija-lafajet-vo-pariz-dedo-mraz-godinava-e-strashen-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
По 100 операции и третмани од кои ѝ се распадна лицето, Џесика Алвес ги отстранува филерите: „Сакам ... Џесика Алвес, која пред да го промени полот беше нарекувана „жив Кен“, вели дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg