Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бизарно: Инфлуенсерка лажела дека ќерка ѝ (1) има епилепсија и тумор на мозокот за лајкови и донации

Инфлуенсерката Алана Харис од Австралија ѝ давала антидепресиви на својата 1-годишна ќерка за да ѝ предизвика симптоми како епилепсија. Сето ова за да ја искористи емпатијата на луѓето и да стекне повеќе следбеници, но и да ги натера да донираат за „трошоците во болница“.

bizarno-influenserka-lazhela-deka-kjerka-1-ima-epilepsija-i-tumor-na-mozokot-za-lajkovi-i-donacii-01.jpg

Во ерата на инфлуенсерите, постојат навистина квалитетни креатори, а постојат и оние кои одат до екстреми за да привлечат внимание.

Досега на сите ни е јасно дека она што го гледаме на социјалните мрежи ретко кога ја отсликува реалноста.

Сепак, кога некој инфлуенсер ќе сподели дека страда од некоја болест или дека неговото дете е болно, не ни помислуваме дека тоа може да биде лага.

За жал, постојат и вакви ситуации, а меѓу најактуелните периодов е случајот со инфлуенсерката Алана Харис од Австралија.

bizarno-influenserka-lazhela-deka-kjerka-1-ima-epilepsija-i-tumor-na-mozokot-za-lajkovi-i-donacii-10.jpg

33-годишната Алана, која имаше над еден милион следбеници на ТикТок и над 300.000 на Инстаграм, пред неколку месеци сподели дека нејзината 1-годишна ќерка има тумори на мозокот и епилепсија.

Таа дури споделуваше и фотки на кои ќерка ѝ има завои на главата, наводно по операција на мозокот.

Во меѓувреме, нејзините следбеници почнаа да собираат пари за да му помогнат на семејството со трошоците.

Но, сега Алана е под истрага бидејќи не само што лажела за болеста на ќерка ѝ, туку веројатно ѝ давала лекови за да индуцира симптоми на епилепсија.

bizarno-influenserka-lazhela-deka-kjerka-1-ima-epilepsija-i-tumor-na-mozokot-za-lajkovi-i-donacii-04.jpg

Детали за бизарната злоупотреба на Алана:

Алана и сопругот Брок ја добиле ќерка им Дејзи во април 2023-та.

Според зборовите на Алана, девојчето постојано лежело во болница, а било дијагностицирано со епилепсија.

Мајката на Алан, пак, отворила кампања на GoFundMe за донации, каде што било наведено дека девојчето страда и од други проблеми и абнормалности, како тумори на мозокот.

Но, според досегашните наоди, Алана ѝ давала вид антидепресиви на 1-годишната ќерка за да индуцира симптоми на епилепсија.

bizarno-influenserka-lazhela-deka-kjerka-1-ima-epilepsija-i-tumor-na-mozokot-za-lajkovi-i-donacii-07.jpg

Кај мали деца, лековите, кои инаку се издаваат само со рецепт, можат да предизвикаат повраќање, нагло слабеење, но и ментални нарушувања, како анксиозност и напади слични на епилептични.

Наводно, го правела ова за да ја снима ќерка си и да ги натера следбениците да ја сожалуваат.

Видеата ги споделувала на Инстаграм и ТикТок профилите кои сега се избришани.

Алана постојано споделувала емотивни објави за здравствената состојба на ќерка ѝ и неретко тврдела дека лекарите не ѝ обрнувале доволно внимание.

bizarno-influenserka-lazhela-deka-kjerka-1-ima-epilepsija-i-tumor-na-mozokot-za-lajkovi-i-donacii-06.jpg

Во август годинава, таа открила дека ќерка ѝ била итно пренесена во болница, во коматозна состојба, каде што била задржана неколку дена.

Потоа, во септември, Алана открила дека состојбата на Дејзи повторно се влошила, по што следел уште еден престој во болница.

Според Алана, туморите во мозокот на Дејзи се влошиле, па морале да ѝ бидат направени две операции една по друга.

„Ми се крши срцето што треба да ви кажам дека состојбата на Дејзи е влошена и ќе биде потребна втора операција за да се отстранат уште пет тумори.

Две операции во период од една недела не е нешто со коешто мислев дека ќе треба да се справувам како родител.

Вечерва прегрнете ги вашите малечки посилно“, гласи една од објавите на Алана за Дејзи.

bizarno-influenserka-lazhela-deka-kjerka-1-ima-epilepsija-i-tumor-na-mozokot-za-lajkovi-i-donacii-09.jpg

Кратко по наводните операции, Алана целосно престанала со објави на социјалните мрежи.

Веројатно тој период почнала истрагата на надлежните.

Според информациите, медицинските сестри кои ја виделе Алана со ќерка си во болница се сомневале дека девојчето е навистина болно.

Ѝ го разгледале профилот на Инстаграм и им биле чудни бројните објави за тумори, операции и слично.

Се верува дека кога Алана навистина ја однела ќерка си во болница, девојчето веќе трпело последици од лековите, па веројатно инфлуенсерката се исплашила.

bizarno-influenserka-lazhela-deka-kjerka-1-ima-epilepsija-i-tumor-na-mozokot-za-lajkovi-i-donacii-08.jpg

Сомнежите на медицинските сестри ги натерале лекарите да направат токсиколошка анализа за девојчето, по што откриле присуство на антидепресиви.

Па, ја известиле полицијата за своите наоди.

Засега надлежните немаат откриено детали за случајот, но според некои локални медиуми, Алана е во притвор, додека ќерка ѝ е одземена од социјални служби.

bizarno-influenserka-lazhela-deka-kjerka-1-ima-epilepsija-i-tumor-na-mozokot-za-lajkovi-i-donacii-02.jpg

 

Би можело да ве интересира:

„На ќерка ми ѝ падна косата на 7 години - децата ја исмеваат и не сакаат да си играат со неа“ „Децата постојано ја прашуваат Меги дали има рак, ја нарекуваат со погрдни имиња...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg