Кој е милијардерот што даде 6,2 милиони долари за банана залепена на ѕид?
- Детали
- понеделник, 02 декември 2024
Плати 6,2 милиони за банана залепена за ѕид и ја изеде, но сега има право која сака банана да ја залепи и да ја нарече уметничко дело. Што знаеме за Џастин Сун, кинескиот милијардер кој ја купи и ја изеде бананата што ја разбранува јавноста во изминатите денови?
Милијардерот Џастин Сун (33) го исполни ветувањето и ја изеде бананата што ја купи по цена од 6,2 милиони долари на аукција за уметнички дека во Њујорк.
„Има подобар вкус од другите банани. Навистина е добра“ – рече Џастин и ја спореди концептуалната уметност со криптовалутите, кои му донесоа милијарди.
„Најголемиот број на идеи и објекти на криптовалутите постојат (како интелектуална сопственост) на интернет, и не се нешто што е физички опипливо“ – рече тој.
Бананата залепена на ѕид, беше уметничко дело наречено „Комичар“ од италијанскиот уметник Маурицио Кателан, а минатата недела се продаваше на аукција во Њујорк, при што Џастин Сун мораше да се бори со уште шестмина други наддавачи.
На сопственикот на уметничкото дело му бил даден сертификат за автентичност, како и инструкции за тоа како да ја замени бананата кога ќе се расипе.
Наводно, тој сега има право да го рекреира уметничкото дело, така што ќе залепи банана на ѕид и ќе ја нарече „Комичар“.
Сун не кажа на прес-конференцијата на која ја изеде бананата, дали планира да го направи тоа.
Бананата била купена од тезгата на Шах Алам во Њујорк, во 2019-та година, а италијанскиот уметник решил од неа да направи уметност, откако ја залепил на ѕид во галерија.
Милијардерот Сун рече дека планира да купи 100.000 банани од истиот продавач и да ги дистрибуира низ целиот свет.
Уметникот кој го создаде уметничкото дело
Кој е милијардерот што издвои милиони за банана и што знаеме за него?
Џастин Сун е роден во Кина, а уште од мали нозе ја проучувал стратешката кинеска игра Го.
Тој зел бизнис часови во центарот за истражување Zhejiang Hupan, на основачот на Alibaba, Џек Ма.
Инаку, студирал историја и има магистратура од областа на уметностите.
Како студент ги вложил првите пари во биткоини.
Во 2013-та година ја основал социјалната мрежа Peiwo, која требало да биде кинеска верзија на Snapchat, но била забранета од поголемиот број виртуелни продавници како Apple и Google Android затоа што ги нарушувала социјалистичките вредности во земјата.
По ова, тој ја основал компанијата Tron, задолжена за продажбата на криптовалутата TRX, па така во 2017-та година ги заработил првите 70 милиони долари.
Потоа, Џастин ја откупил и компанијата за споделување на содржини BitTorrent Inc за 140 милиони долари.
Џастин за себе вели дека е гениј за криптовалути.
Тој во изминатите денови најави дека планира да инвестира 30 милиони долари во World Liberty Financial, проект со криптовалути поддржан од Доналд Трамп.
Инаку, во текот на минатата година беше обвинет од страна на американските власти за понуда и продажба на нерегистрирани акции, поврзани со неговата криптовалута, но овој правен случај сè уште не добил судска разрешница.
Се проценува дека Џастин има богатство од околу 1,4 милијарди долари.
Б. С. Б. | Црнобело