Пристигна Coca-Cola божиќната реклама – овојпат со вештачка интелигенција наместо реални луѓе
- Детали
- петок, 29 ноември 2024
„Празници се ближат“ – Coca-Cola направи божиќни реклами креирани со вештачка интелигенција наместо со вистински луѓе. Според многумина, овие реклами најавуваат како во иднина би можеле да изгледаат рекламните кампањи.
Coca-Cola ја продолжува традицијата започната уште во 1995-та година да ја најави празничната сезона со божиќни реклами во кои секоја година одѕвонуваат познатите стихови „Празници се ближат“.
Како и секоја година, така и оваа имаме можност да ги гледаме препознатливите црвени камиони со натписот на Coca-Cola како разнесуваат пијалаци низ целиот свет за празниците.
Но, овојпат, брендот наместо да искористи вистински луѓе и актери за својата претпразнична кампања, одлучи рекламите да ги сними во студио со помош на Вештачка Интелигенција.
Според многумина, оваа кампања најавува какви видеореклами би можеле да очекуваме во иднина.
Како што може да се забележи, кај животните, анимираниот снешко, елките и камионите се запазени речиси сите детали, па наликуваат на вистински.
Наместо вистински актери, во рекламите се појавуваат ликови креирани со Вештачка Интелигенција, а забележително е дека годинава го нема Дедо Мраз, освен што во една од рекламите се појавува само неговата рака.
Погледнете ги рекламите во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело