Празничната реклама на „Дизни“ ги топи срцата - Приказната за момчето и октоподот е најубава детска бајка (видео)
- Детали
- четврток, 05 декември 2024
Од страшна средба во океанот меѓу момче и октопод, до неочекувано пријателство - празничната реклама на Дизни, во режија на Таика Ваитити ќе ве разнежи.
„Дизни“ го ангажираше оскаровецот Таика Ваитити да ја режира нивната празнична реклама „Момчето и октоподот“.
Приказната почнува на егзотична дестинација, каде момчето е на летување со семејството - влегува во водата и по неколку моменти истрчува исплашено на плажата, бидејќи на главата има мал октопод.
Ниту спасувачот на плажата, ниту некој од присутните не може да го тргне октоподот, па момчето се враќа дома со октопод на главата.
Тие стануваат пријатели, прават сè заедно, а кога доаѓаат празниците, момчето го носи октоподот на божиќен базар, каде што тој првпат гледа елка, снег, лампиони.
И тогаш решава дека е време да се врати дома, во океанот, па заедно со момчето му пишуваат писмо на Дедо Мраз.
Видеото завршува со октоподот закачен за капата на Дедо Мраз, додека лета со санката која ја влечат ирваси и пораката:
„Најголемите патувања започнуваат со сон“.
Погледнете го видеото кое има скоро 10 милиони прегледи:
А. Ј. | Црнобело