На 4 години го избркале од дома, 2 години живеел со улични кучиња – Неверојатна приказна на момче од Русија

Момчето на 4 години било избркано од дома, а било спасено од улични кучиња кои му помагале да најде храна и го топлеле за време на руските зими. Неверојатната приказна на Иван Мишуков, остави без зборови многумина.

na-4-godini-go-izbrkale-od-doma-a-ulichnite-kuchinja-go-spasile-neverojatnata-prikazna-na-ivan-mishukov-od-rusija-01.jpg

Приказната за Иван Мишуков, момчето спасено од улични кучиња во Русија во 2019-та година беше топ тема откако беше објавен филмот Ivan and the Dogs, а во повеќе пригоди и сам раскажувал како изгледал неговиот живот додека 2 години живеел на улица.

na-4-godini-go-izbrkale-od-doma-2-godini-zhiveel-so-ulichni-kuchinja-neverojatnata-prikazna-na-ivan-mishukov-od-rusija-02.jpg

Филмот ја обработуваше приказната на момчето, кое во родната Русија уште е познато и како малиот Могли, а она што тој го преживеал во најмала рака делува неверојатно.

На возраст од само 4 години, Иван од градот Реутов, во близина на Москва се нашол на улица.

na-4-godini-go-izbrkale-od-doma-2-godini-zhiveel-so-ulichni-kuchinja-neverojatnata-prikazna-na-ivan-mishukov-od-rusija-03.jpgИван со тетка му која го избркала на улица

Тој бил роден во 1992-та во дисфункционално семејство. На мајка му ѝ било одземено старателството, таткото не живеел со неа и не сакал да се грижи за синот.

Момчето било дадено во грижа на баба му и дедо му. Додека баба му била жива, момчето пак имало соодветни услови за живот, но откако таа починала, дедо му почнал да пие многу, а тетка му имала партнер кој не го сакал детето во куќата.

Малиот Иван цело време бил бркан надвор, на улица, сè додека не се спријателил со улично куче, кому му го дало името Лиза.

Набрзо, ним им се придружиле уште десетина други улични кучиња.

na-4-godini-go-izbrkale-od-doma-2-godini-zhiveel-so-ulichni-kuchinja-neverojatnata-prikazna-na-ivan-mishukov-od-rusija-06.jpg

Иван почнал секое утро заедно со кучињата да моли за храна во локалните пекарници и од случајните минувачи, кои се сожалувале и им фрлале по некоја корка леб.

Кучињата и Иван заедно ја делеле храната, а во студените зимски ноќи се туткале до него и го топлеле за да не смрзне на студот.

na-4-godini-go-izbrkale-od-doma-2-godini-zhiveel-so-ulichni-kuchinja-neverojatnata-prikazna-na-ivan-mishukov-od-rusija-05.jpg

Иван живеел заедно со кучињата 2 години, а неговите роднини воопшто не се ни обидувале да го најдат.

Понекогаш соседите му давале облека и храна, што тој ја делел со своите влакнести пријатели и заштитници.

Кога сфатил дека полицијата го брка, Иван почнал да се крие и да си ги прикрива трагите за да не го одделат од кучињата, но еден ден конечно успеале да го најдат и да го однесат во сиропатилиште.

Со помош на едни трговци кои го хранеле момчето, властите конечно успеале да го одделат детето од глутницата.

„Се обидуваа да ме земат од кучињата неколкупати, но кучињата ги напаѓаа минувачите и полицајците. Некаде по петтиот обид, полицајците успеаја да ме извлечат.

Секогаш влегував сам во пекарницата, а кучињата ме чекаа надвор.

na-4-godini-go-izbrkale-od-doma-2-godini-zhiveel-so-ulichni-kuchinja-neverojatnata-prikazna-na-ivan-mishukov-od-rusija-09.jpg

Тој ден влегов внатре, ми дадоа храна и кога станав да си одам, двајца полицајци ме грабнаа и ме извлекоа низ задната врата.

Ме ставија во автомобил и ме возеа долго, со цел да ги загубат моите кучиња, кои трчаа по нас. Се чувствував како да ме зеле од семејството“ – раскажа Иван.

na-4-godini-go-izbrkale-od-doma-2-godini-zhiveel-so-ulichni-kuchinja-neverojatnata-prikazna-na-ivan-mishukov-od-rusija-08.jpg

Кучињата успеале да ја следат неговата трага и со денови лаеле и чекале пред институцијата каде што бил сместен Иван.

Откако неколку недели не можеле да се ослободат од кучињата, локалните власти одлучиле да ги усмртат.

„Знам дека ако не беа тие кучиња, немаше да преживеам на улицата“ – изјави Иван во една пригода.

13863888-7062899-image-a-107_1558623540208.jpg

Набрзо потоа, Иван бил посвоен од страна на неговата мајка Татјана Бабанина, која се грижела за него со многу љубов и дала сè од себе момчето да стекне образование и да ги има сите неопходни услови за живот.

„Денес таквата приказна може да звучи неверојатно, затоа што секој веднаш би повикал полиција ако види 5-годишно момче со кучињата на влезот од зградата.

Но, тоа беа 90-тите години и беше многу тежок период за нас.

Сите се бореа за да преживеат и да си го прехранат семејството“ – раскажува Татјана.

na-4-godini-go-izbrkale-od-doma-2-godini-zhiveel-so-ulichni-kuchinja-neverojatnata-prikazna-na-ivan-mishukov-od-rusija-07.jpg

Таа истовремено се грижела за 26 посвоени деца, а неколку години подоцна Иван сам побарал да се запише во воено училиште.

na-4-godini-go-izbrkale-od-doma-2-godini-zhiveel-so-ulichni-kuchinja-neverojatnata-prikazna-na-ivan-mishukov-od-rusija-11.jpg

Додека растел Иван се истакнал со своето знаење, а по завршувањето на образованието се вратил да живее во родниот град, каде што работел во фабрика.

na-4-godini-go-izbrkale-od-doma-2-godini-zhiveel-so-ulichni-kuchinja-neverojatnata-prikazna-na-ivan-mishukov-od-rusija-13.jpgИван со жената што го посвоила

Вели дека на 14 години дознал дека неговата биолошка мајка Евгенија не можела да се грижи за него заради тоа што била алкохоличарка, но ѝ простил и не ја обвинува.

na-4-godini-go-izbrkale-od-doma-2-godini-zhiveel-so-ulichni-kuchinja-neverojatnata-prikazna-na-ivan-mishukov-od-rusija-14.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg