„Имав биткоини кои денес вредат над 500 милиони долари – бившата ми го фрли хард дискот со лозинката“

39-годишен маж од Велс вели дека во 2009-та ископал 8.000 биткоини кои тогаш не вределе ништо. Но, кога вредноста почнала да расте, се сетил на неговите биткоини, и тогаш открил дека неговата поранешна девојка, случајно го фрлила хард дискот со лозинката.

imav-bitkoini-koi-denes-vredat-nad-500-milioni-dolari-bivshata-mi-go-frli-hard-diskot-so-lozinkata-01.jpg

Пред криптовалутите, особено биткоин, да станат познати за пошироката јавност, многу луѓе ги купувале или ископувале од љубопитност.

Па, кога вредноста на биткоинот драстично се зголеми, многу од овие луѓе станаа и милионери.

Сепак, има и такви кои не очекувале биткоинот да вреди нешто во иднина, па ги изгубиле лозинките.

Еден од нив е Џејм Хауелс од Велс кој вели дека биткоините што ги купил во 2009-та, сега вредат над половина милијарда долари.

imav-bitkoini-koi-denes-vredat-nad-500-milioni-dolari-bivshata-mi-go-frli-hard-diskot-so-lozinkata-09.jpg

Проблемот е што неговата бивша девојка го фрлила хард дискот на којшто се наоѓа лозинката со која може да добие пристап до своите биткоини.

Џејмс Хауелс веќе неколку години се обидувал да добие дозвола да ја пребара депонијата каде што наводно се наоѓа хард дискот, но безуспешно.

Сега, кога вредноста на биткоинот драстично се зголемува и се очекува да достигне и 100.000 долари, вели дека поднел тужба против градскиот совет што не му ја дава дозволата.

imav-bitkoini-koi-denes-vredat-nad-500-milioni-dolari-bivshata-mi-go-frli-hard-diskot-so-lozinkata-04.jpg

Џејмс, кој живее во Њупорт, во изјава за британските медиуми даде и ветување дека ќе донира 10% од парите за родниот град доколку допре до парите.

„Без разлика што хард дискот беше фрлен од мојата бивша девојка, без моја дозвола, сепак јас имам право на интелектуална сопственост на она што се наоѓа на него.

Треба или да добијам дозвола да го побарам хард дискот во депонијата, или да ми се исплати соодветната сума доколку не ми дозволат да барам.

Сегашната вредност на моите биткоини е над 500 милиони долари. Ако биткоинот достигне вредност од 125.000 долари, тогаш моите биткоини ќе вредат повеќе од една милијарда“, вели Џејмс.

imav-bitkoini-koi-denes-vredat-nad-500-milioni-dolari-bivshata-mi-go-frli-hard-diskot-so-lozinkata-03.jpg

Во 2009 година, Џејмс ископал 8.000 биткоини во период од 10 недели, но само поради љубопитност.

Бидејќи тогаш криптовалутата не вредела практично ништо, престанал.

По некое време, случајно истурил сок врз лаптопот на кој се наоѓале биткоините. Бидејќи се расипал, решил да ги продаде деловите што функционираат.

Содржината од хард дискот ја префрлил на нов лаптоп.

imav-bitkoini-koi-denes-vredat-nad-500-milioni-dolari-bivshata-mi-go-frli-hard-diskot-so-lozinkata-06.jpg

Сепак, не можел да го префрли фајлот со лозинката за биткоините, бидејќи не бил компатибилен со оперативниот систем на новиот лаптоп.

Па, за секој случај го зачувал хард дискот – го ставил во фиока и вели дека три години не ни помислил на него.

Кога вредноста на биткоинот почнала да расте, се сетил на хард дискот.

Но, тогаш сфатил дека неговата девојка го фрлила, мислејќи дека е ѓубре.

imav-bitkoini-koi-denes-vredat-nad-500-milioni-dolari-bivshata-mi-go-frli-hard-diskot-so-lozinkata-05.jpg

Оттогаш, Џејмс безуспешно се обидувал да добие пристап до локалната депонија каде што верува дека се наоѓа неговиот хард-диск.

Истовремено, со зголемувањето на вредноста на криптовалутата, се плаши дека некој друг ќе го најде пред него, односно ќе го украде.

Неодамна, се огласи и поранешната девојка на Џејмс која вели дека тој ѝ рекол да ја фрли вреќата со ѓубре во која се наоѓал хард дискот.

„Искрено, се надевам дека ќе го најде. Не сакам ништо од неговите пари, но кога ќе го најде барем ќе престане да ми зборува за тоа.

Да, јас го фрлив хард дискот, но беше ставен во црна вреќа со друго ѓубре и тој ми рече да ја фрлам. Не знаев што има внатре.

Не сум јас виновна што го изгуби хард дискот. Повеќе од сè сакам да го најде бидејќи ми е ’преку глава‘ да слушам за тоа“, вели таа за Daily Mail.

imav-bitkoini-koi-denes-vredat-nad-500-milioni-dolari-bivshata-mi-go-frli-hard-diskot-so-lozinkata-07.jpg

Џејмс, пак, истакнува дека ја споделува својата приказна, со надеж дека ќе ги натера надлежните да се вразумат и да му ја дадат соодветната дозвола.

„Како да живеат во минатото. Не ги разбираат криптовалутите и не сакаат да научат ништо ново.

Пробувам да им докажам, но одбиваат секаква комуникација. Па, одлучив да поднесам тужба.

Упорно ми го одбиваат барањето, па единствена опција ми е да тужам. Нивното мислење не доаѓа од експерти“.

imav-bitkoini-koi-denes-vredat-nad-500-milioni-dolari-bivshata-mi-go-frli-hard-diskot-so-lozinkata-02.jpg

Daily Mail открива дека градските советници не му дозволувале да ја пребара депонијата поради загриженост од негативното влијание врз околината.

„Градскиот совет на Њупорт неколкупати е контактиран за дозвола.

Но, советот му соопшти на господин Хауелс дека пребарувањето не е возможно бидејќи може да има големо негативно влијание врз животната средина околу депонијата.

Советот е единствениот надлежен орган кој има дозвола да работи на депонијата“.

imav-bitkoini-koi-denes-vredat-nad-500-milioni-dolari-bivshata-mi-go-frli-hard-diskot-so-lozinkata-08.jpg

Сепак, Џејмс вели дека се консултирал со експерти кои можат да ја пребараат депонијата без никакви последици.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg