„Зошто преселбата во Шпанија ми беше најдобрата одлука во животот?“
- Детали
- недела, 24 ноември 2024
Будење со поглед кон море во Шпанија звучи како совршен начин за да го започнете денот, зарем не? Колку пати во себе сте си посакале да се преселите во Шпанија?
Џорџија од Велика Британија е девојка која пред 5 години се преселила во Шпанија и вели дека тоа што ја избрала Шпанија за дом е најдобрата одлука што ја донела во животот.
Таа откри дека годинава успеала и да си купи куќа таму со 3 спални, кровна тераса, базен и спектакуларен поглед кон морето.
Домот ѝ е во пределот Андалузија.
„Го обожавам убавото време во Шпанија и среќна сум што мојот дом има толку многу надворешен простор.
Од речиси секој прозорец во домот имам спектакуларен поглед кон вода“, вели таа.
Потоа, Џорџија додава дека во Шпанија ѝ се допаѓа и тоа што секогаш има што да се прави и дека сметките ѝ се многу пониски отколку во Велика Британија.
Нејзините видео споредби како ѝ изгледал животот некогаш, а како и изгледа сега се навистина инспиративни.
Кликнете на видеата кои ја доловуваат убавината на Шпанија:
С. С. | Црнобело