Го испеаја евровизискиот хит „Бандидо“ во 1990 година – Како изгледаат денес сестрите Салазар?
- Детали
- недела, 19 мај 2024
Сестрите кои го освоија 5-тото место на Евровизија во 1990 година ја газат седмата деценија од животот, но и понатаму се атрактивни и згодни.
Пред 34 години отпеаја еден од најголемите евровизиски хитови.
Со сигурност сите ги паметите сестрите Антонина (61) и Енкарна Салазар (63) од групата „Azucar Moreno“, кои врвот во својата кариера го доживеаја на Евровизија 1990 година во Загреб, претставувајќи ја Шпанија со песната „Bandido“.
Песната која го освои петтото место на Евровизија се пее и денес, а двете сестри иако ја газат седмата деценија од животот и понатаму изгледаат атрактивно.
Нивниот настап ќе остане запаметен поради техничките проблеми кои ги имале и поради кои морале на сцена да излезат 2 пати.
Сестрите Салазар се првите пејачки во Шпанија кои го искомбинирале своето ромско потекло и традиционалниот „кантаора“ начин на пеење со урбаниот денс ритам.
Родени се во Бахахоз, а детството го поминале во Мадрид.
Во 1982 година започнале да настапуваат заедно со нивните браќа Енрике Салазар, Хуан Салазар и Хозе.
Од 1984 година, продале повеќе од три милиони албуми и синглови во Шпанија, а во деведесеттите станаа познати во остатокот од Европа, Латинска Америка и САД, со продадени над 12 милиони албуми.
Во 2007 година Антонина соопштила дека дуото ќе паузира со работа, бидејќи на Енкарна ѝ била дијагностициран рак на дојката.
Иако отсекогаш биле мета на трачеви поради нивните лични несогласувања, сестрите и денес настапуваат заедно.