Историјата ја памети Мата Хари како двоен шпион, егзотична танчарка и куртизана. Родена како Маргарета Гертруда Зеле во 1876 година во Леуварден, Холандија, Мата Хари била танчарка, куртизана и шпионка, која го привлекувала вниманието со својата убавина, харизма и интелигенција. Во својот живот имала неколку љубовници, фасцинирани од нејзиниот провокативен и мистичен изглед. Станува збор за политичари и влијателни луѓе од многу земји, главно од Франција, Русија и Германија. Во текот на Првата светска војна, Французите ја обвиниле дека шпионирала за Германја, по што ја убиле во 1917 година. Ова е приказната на фамозната, озлогласена и единствена - Мата Хари.