Кои се негативните страни на преселбата во странство?

Живот во други држави и култури може да биде прекрасно искуство кое ќе ни помогне да научиме нешто повеќе за себе, за нашите сопствени стравови и ограничувања. 

Ova-se-negativnite-strani-na-preseluvanjeto-vo-stranstvo-01.jpg

Градење на сопствените ставови во околината каде што никој не ве познава е најмоќното чувство во светот. Патувањата ги шират нашите аспекти, ги отстранува нашите предрасуди и ни покажуваат што е навистина важно во животот.

Сепак, како и со сè друго, постојат и негативните страни на оваа приказна. Не секогаш успеваме да се пронајдеме себеси далеку од домот.

Ова се неколку работи кои можат да ви се случат ако одлучите да се преселите во друга држава:

1. Вашите сакани ќе бидат тажни

Без разлика колку се обидувате да го маскирате ова чувство, преселувањето е на некој начин себичен чин. Прекрасно е да имате можност да го реализирате вашиот сон и да го одберете животот што го сакате, но не сите околу вас ќе бидат среќни за ова.

Вашето семејство, како и вашите пријатели, ќе сторат сè за да ги скријат своите вистински чувства од вас, бидејќи нема да сакаат да ве оптоваруваат со своите сомнежи и стравови.

2. Нема да бидете тука за семејството и пријателите

Најверојатно ќе ги пропуштите сите роденденски забави, свадби и журки, како и некои тешки моменти кога на вашите пријатели ќе им треба вашата поддршка.

Кога ќе се преселите на другата страна на планетата временските и паричните бариери ќе ги одредуваат вашите социјални одлуки.

Ova se negativnite strani na preseluvanjeto vo stranstvo 02

3. Ќе се чувствувате осамено

Потребно е време за да се изградат значајни пријателства, па кога ќе се преселите во странство најверојатно ќе поминувате време со забавни и возбудливи луѓе, но со нив нема да ги споделувате спомените или приказните, бидејќи немате заедничко минато.

4. Ќе изгубите чувството за припадност

Кога живеете во странство голем дел од вашиот живот се одвива на друго место, што е речиси невозможно целосно да се идентификувате со она што сте биле некогаш. Наместо тоа, ќе најдете нов дом во вашата нова земја која делумно ќе ја исполнува празнината.

Бидејќи на вашиот нов дом ќе му недостасуваат корените и минатото никогаш нема да се вклопите сто проценти.

Затоа многу луѓе што долго време живеат во странство се борат со егзистенцијални прашања како што се: „Каде припаѓам? Каде е домот?“ Бидејќи не успеваат да одговорат на тие прашања, постојано се селат за да го пронајдат тоа чувство на дом.

Ova se negativnite strani na preseluvanjeto vo stranstvo 03

5. Ќе се оддалечите од долгогодишни пријатели

Преселување во странство ќе го промени вашиот однос со пријателите. Некои пријателства ќе преживеат, некои не. Ова е неизбежен дел од животот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg