Громогласните '20ти години и влијанието на ерата на џезот на денешницата

Кога ги гледаме фотографиите и илустрациите од 20-те години, гледаме еден див свет на забава, девојки облечени во пердуви и фустани, боб фризури, екстатична смеа и развратен танц. Но како и зошто 20-те години биле громогласни и зошто биле толку уникатни и влијателни? 

Gromoglasnite 20 ti godini i vlijanieto na erata na dzezot na denesnicata 01

Во текот на овие години, промените во светот се одвивале со брзо темпо. Социјалниот пресврт во комбинација со младешката повоена еуфорија и зајакнување на женските права довеле до фундаментални промени и уривање на граници во таа деценија.

Ерата на џезот била полна со бунтовна спонтаност, импровизација и возбудливи иновации. Младата, слободната жена била храбра да пие и да пуши, да танцува додека нејзиниот фустан не и ги открие нозете и бунтовниот дух.

Токму во овие години почнала да се развива модерната женска гардероба. Заврши времето на тесните корсети, долгите, непрактични фустани и сложените фризури и капи. Во 20-те години почнуваат да се носат пократки фустани со ниски струкови и боб фризури кои лесно се одржуваат.

Во тоа време се популарни и свилени пижами кои се носат на домашните забави или на плажи. Честа е и облека со кинески и египетски мотиви, како и накит, благодарение на големото откривање на гробницата на Тутанкамон во 1922 година.

Исчезнува поделбата на типично машки и типично женски стил на облекување (Коко Шанел дури носела и панталони). Се менуваат и идеалите за убавината, женската фигура со облини е заменета со момчешка фигура.

Стиловите стануваат сеопфатни, а боб фризурата станува симбол на слобода, женственост и самодоверба.

Gromoglasnite 20 ti godini i vlijanieto na erata na dzezot na denesnicata 02

Во тоа време се појавува и филмот, со што трендовите стануваат достапни за секого. Холивуд ги пласира филмските ѕвезди, како Глорија Свансон и Клара Боу, кои имале можност да се истакнат со оригиналност и на тој начин да влијаат врз толпата.

Спортистите, исто така, имале удел во овие промени, па така тенисот стана повеќе од елегантна разонода. Со појавата на француската тенисерка, Сузан Ленглен, женската игра добива силен и брз стил.

Ленглен играла тенис во модерна гардероба, свилени тесни фустани во црвена или портокалова боја, имала навика да пуши и да пие коњак пред публиката, а го добила и прекарот „божица“.

Gromoglasnite 20 ti godini i vlijanieto na erata na dzezot na denesnicata 03

Тоа било време на ослободување и укинување на рестрикции и табуа. Жените за прв пат добиле право на глас, а се создаде и деловна жена.

Забавата траела десет години и „скокна во спектакуларната смрт во октомври, 1929 година“.

Брилијантна и трагична, убава, но проколната, емоционално банкротирана и изгубена генерација-така најчесто ги опишуваат громогласните 20-ти.

Со својата естетиката и прогресија, џез ерата, без сомнение, останува една од најинтересните и културно највлијателните ери.

Gromoglasnite 20 ti godini i vlijanieto na erata na dzezot na denesnicata 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg