Зошто позитивните афирмации се корисни во нашиот живот?
Мислам дека од мали нозе треба да не учат дека секој кажан збор, секоја мисла што ни се мотка во главата и сите монолози што се дел од нас се всушност афирмации.
А, ако се прашуваме што е афирмација, одговорот е многу едноставен. Афирмација е нешто што потврдуваме. И од тој нераскинлив процес на повторување го создаваме светот околу нас и животот што го живееме.
Оние кои не се запознаени со ова, сигурно на почетокот ќе им биде збунувачко. Но, верувајте, треба да сфатите дека ние постојано афирмираме во животот.
Без разлика дали сме исполнети со љубов или страв, љубомора или милост, ние одново и одново ги вртиме запчаниците на афирмација. Или ако треба да кажеме од некоја друга перспектива, афирмација може да се дефинира и како нашата намера, која е претворена во зборови или мисли, а исто така е измешана и со емоции.
И буквално влијае на нашето опкружување, а пред сè лично на нам.
Ако нештата добија појасна форма, треба да продолжиме понатаму. За целосно да се разбере ова, мора да кажеме дека ние како човечки битија секојдневно во нашата глава имаме десетици илјади мисли, кои како рој пчели ни летаат во главата.
Понекогаш се толку бучни, што не можеме никако да ги скротиме. Лошо е тоа што во себе ги храниме негативните мисли кои ни се пресликуваат во реалноста. Затоа, постепено да ги отстраниме лошите мисли, љубоморните нагони и навреди за да може да започнеме нова страница на нашето постоење.
За да се случи тоа, мора љубезно да се однесуваме спрема сите, а пред сè спрема себеси. И да запомниме позитивно да размислуваме ако сакаме да доживееме побогати искуства што однатре ќе нè исполнуваат. Со секое употребување на реченицата Јас сум… ние менуваме многу нешта. Ова е една од најмоќните зборовни комбинации што постои во универзумот.
На овој начин од корен може да се смени вибрацијата што произлегува од нас, ама затоа нашата намера, емоција и мисла треба да се на иста бранова должина.
Наместо секојдневно да упатуваме негативни мисли кои се впиваат во нашата потсвест, време е да употребуваме позитивно афирмации за да си овозможиме живот каков што посакуваме.
Автор: Е. Х. | Црнобело