10 трикови со кои се служат познатите жени за да изгледаат добро на фотките
Од позирање со брадата надолу до позирање со притискање на јазикот до непцето, кои трикови ги користат познатите дами и како функционираат тие?
Постојано осамнуваат фотографии од познатите дами, а на нив тие изгледаат совршено. Како е можно тоа? Дали користат Фотошоп постојано?
Можеби понекогаш, но најчесто и тие немаат време за едитирање на фотографиите, едноставно користат трикови при позирањето.
Тие знаат како нивното лице изгледа најдобро и се држат до тоа.
Трикови за позирање од познатите дами:
Малку подзамижани очи
Повеќето познати дами го користат овој трик кога сакаат флертувачки и женствен изглед. Тие подзамижуваат малку и речиси незабележително ги превиткуваат усните во блага насмевка, без да притискаат премногу.
Вака ги подигнуваат јаболкниците и прават лицето да им изгледа помладешки.
Ја ставаат косата настрана
Од Кајли Џенер дефинитивно можеме да научиме некои трикови за позирање. Таа често позира со косата префрлена на десната страна.
Ставањето на косата на едната страна ви ја дефинира линијата на вилицата и ви дава доза на спонтаност во изгледот. Вашето лице доаѓа во убава рамка, плус косата ви изгледа бујно.
Го користат методот „насмевка со очите“
Миранда Кер, како и многу други супермодели, често го користи овој трик кога позира пред камерата.
Овој метод прикажува дискретно смеење со затеснување на очите. Насмеаното лице ќе ви изгледа автентично, а притоа нема да има потреба воопшто ниту да ги помрднете усните.
Притиснете го јазикот до непцето
Покрај со контурирање со шминка, истакнати јаболкници можете да добиете и со начинот на позирање. Трикот е да го притиснете јазикот до непцето и да се смеете, додека устата ви е затворена.
Ова ќе ви ги подигне јаболкниците и ќе направи да изгледаат подефинирани.
Сликајте се одгоре
Ова е сигурен начин дека ќе изгледате подобро на сликите. Поголемиот дел од познатите дами ја користат оваа техника за селфи фотките.
Вака нема да имате двојна брада, ниту проблем со лошото светло, убавите црти на вашето лице ќе дојдат до израз.