Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто треба да го смириме нашиот ум и мислите што ни лутаат?

Животот би бил многу попријатен кога би можеле да го стишиме умот. 

zosto treba da go smirime nasiot um i mislite sto ni lutaat 3

Сигурно се имате најдено во ситуации кога мислите постојано ви лутаат, кога немате можност да се фокусирате на она што го сакате, секојпат надевајќи се на нешто подобро или се држите за настаните од минатото како ништо друго да не постои на овој свет.

Ако сакаме да постигнеме повисоко ниво на свесност, прво нешто што треба да направиме е да го смириме умот. Иако можеби изгледа едноставно, мора да бидам искрен, и да кажам дека воопшто не е така како што изгледа.

Првиот чекор е да се ослободиш од сите мисли. Без гајле, ако се најдете во таква состојба нема да станете глупави, туку само ќе дадете можност на вашата вистинска природа да исплови на површина. Тоа е сосема нов свет.

zosto treba da go smirime nasiot um i mislite sto ni lutaat 2

Целиот овој процес е поврзан со медитацијата што ни овозможува да го достигнеме нивото на просветлување.

При овој чин, човекот што побрзо се ослободи од мислите, толку побрзо ќе ѝ даде можност на светлината да се искачи повисоко.

Иако понекогаш ќе успееме да се ослободиме од ројот мисли, по една минута ќе забележиме дека истите повторно сакаат да нè нападнат. Да внесат сомнеж, љубомора, страв во нас.

Негативните мисли се токсични, што сосема можат да разорат нечиј живот. Во тие неизбежни ситуации најдобро е да се фокусираме на нашето дишење и свесно да го следиме секое вдишување и издишување.

Освен тоа, и да допреме до нашето срце со тоа што свеста ќе ја насочиме спрема градите.

Колку и да се пишува на оваа тематика, никогаш нема да се долови целосната смисла. Умот ги негира поставените работи, и само преку лична посветеност може да се видат резултати.

Едно нешто што треба да се знае е дека со нашиот умот ние живееме во свет што самите си го градиме, а кога ќе успееме да навлеземе во нашето подлабоко јас, кога ќе успееме да се искачиме над умот, тогаш ни се отвораат портите каде владее вечен мир, хармонија и единство.

zosto treba da go smirime nasiot um i mislite sto ni lutaat 1

Автор. Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg