Сите зборуваат за медитација, но што всушност е тоа?
Свесни сме дека живееме во свет исполнет со грижи, проблеми, вознемиреност, кои се одразуваат на нашето здравје. Свесни сме дека од ден во ден човекот станува сè повеќе исфрустриран, како да го допрел дното на животот, па безизлезно ја преживува секоја минута, секој час.
Како да заборавивме што значи да се живее во мир, како да заборавивме дека тоа е единственото нешто за што и треба да се грижиме во животот. Додека целосно да бидеме исцедени од стравовите што ни ги бутка секојдневјето, треба да преземеме одговорност за своите постапки и да се препуштиме на нашиот внатрешен водич.
Во ерата кога сите мислат дека лесно може да се биде духовен, многумина од нас погрешно ја разбираат медитацијата. Таа е многу повеќе од воспоставување на неколкуминутен мир во себе.
Не е доволно да седиме во тишина десеттина минути и тоа да го наречеме медитација, со медитација треба да се стремиме да го достигнеме чувството на блаженство и траен мир. А, пред сè да го смириме умот и да не дозволуваме мислите да не дестабилизираат. Нашето тело да го исполниме со светлина и на тој начин да се бориме со мрачните сили кои демнат наоколу.
Колку и да велиме дека имаме сè во животот, на крај сепак се провлекува чувство на незадоволство.
Тешко е да се разбере ако се гледа од надворешна перспектива, но ако се сфати дека тоа незадоволство е внатрешен глад, тогаш треба да се решиме и да дојдеме до вистинскиот начин на медитирање.
Само така може да се поврземе со нашето вистинско јас, да внесеме светлина во телото и да му дадеме шанса божественото да дојде на виделина.
Мора да биде на јасно дека медитацијата не е никакво бегство од надворешниот свет, ако гледаме на тој начин, никогаш нема да постигнеме добри резултати. Незадоволството ќе постои и понатаму да живее во нас.
Медитацијата ќе ни го оживее внатрешниот свет и ќе ни даде насоки до сопствено будење. Нели секој човечки живот треба да се стреми спрема тоа?
Медитацијата ќе нѐ поврзе со Бога, но за да стигнеме до тоа поврзување, мора да навлеземе во длабочината на нашите души. Сите патувања почнуваа во самите нас, и секое човечко битие треба сам да открие на кој начин може да го чуе гласот, кој ќе го води низ внатрешните димензии на универзумот.
Пред да се препуштите на медитирање, прочитајте и добро информирајте се. Вистината ќе ја препознаете и штом ќе се случи тоа, слободно може да започнете со вашето лично будење.
Е. Х. | Црнобело