5 типови на луѓе на кои би им забраниле пристап во градски автобус

Во земји со ред и мир и закони коишто се почитуваат, користењето на јавниот сообраќаен превоз е нормално секојдневие и најлесниот, најбрзиот и најевтиниот начин што те носи од точката А до точката Б.

5-tipovi-na-lgje-na-koi-bi-im-zabranile-pristap-vo-gradski-avtobus-01.jpg

Кај нас, возењето во градските автобуси подразбира многу нерви, трпение и храброст дури. Сигурно сте се нашле во некоја (или во сите) наведени ситуации и сте си помислиле – на некои луѓе дефинитивно треба да им се забрани пристапот во градски автобус.

Одвоивме само 5 типови, иако сигурно ги има и повеќе:

Муабетчиите

Не е ниту 7 часот наутро, а тие веќе на долго и широко се расприкажале, анализирајќи го целото фамилијарно дрво и половина од семејната историја. Доколку не успеат да најдат жртва до нив со која слатко би си поприкажале за живејачката, тогаш го земаат телефонот и почнуваат да ѕвонат по ред.

„Еј, кај си бе мила, да не спиеш, да не те разбудив? Ништо, еве јас во автобус, имам уште 40 минути возење, па си реков да се слушнеме“… и откако ќе го завршат тој разговор преминуваат на следниот број во именикот до симнувањето на посакуваната станица. Секако разговорите се одвиваат на најгласното можно ниво, за да ги слушнат сите.

Ќе ги дознаете сите проблеми на Марко во училиште и каква фризура и фустан Маријана планира за матурската прослава. Ќе дознаете едноставно сè.

Љубопитните потпрашувачи

„Леле, ама убаво девојче. Младо, китка. Како се викаш мила? А каде одиш? Мажена си? Не си, е па супер, чекај да ти покажам слика од внук им, нема девојка!“

Љубопитните очигледно си немаат попаметна работа освен да се возат во автобусите и да шират нови познанства. Ќе ве испрашаат апсолутно сè – кои сте, чии сте, колку години имате, работите ли и колкава ви е платата. На вашите куси одговори ќе се надоврзат со цели семејни истории, раскажувајќи ги нивните проблеми и случки од животот. „Еее, јас колку сакав да се запишам на факултет. Ама пусто време, немаше услови за тоа“.

Диџеите

Со слушалки во ушите и музика рокната на најгласно се буткаат и немаат апсолутно обѕир кон никого со ставот „Не ме интересирате, не ве слушам!“

Во ред е да сакаш да ги избегнеш првите 2 категории на патници со нивните празни муабети, но кога музиката ти е толку гласна што дури и преку твоите слушалки може да ја слушнеме сите, мора да си свесен дека сепак правиш нешто погрешно.

„Ме боли увото“ е мотото на диџејот во градскиот автобус, а вие ја имате честа да уживате во неговата омилена плеј листа.

Небањатите

Во 21 век кога модерниот напреден свет се подготвува да се насели на Марс, ние сè уште се соочуваме со предизвикот наречен одржување на личната хигиена.

Сапун и вода, што беше тоа? Се истакнуваат и индивидуи кои се обидуваат да го замаскираат сопствениот лош мирис со премногу парфем, што е секако уште полошо. Кога се обидуваш да се дистанцираш од ваквите патници те гледаат со прашален и обвинителен поглед.

Пазарџиите

На сите ни се случило непланирано да се натовариме малку повеќе и да се качиме со ќесите во автобус. Но, „пазарџиите“ се специјална категорија на луѓе коишто наменски одат на пазарот на другата страна на градот од населбата во којашто живеат, само затоа што компирите се 4 денари поевтини.

Секако, не смееме да ги обвиниме поради тоа што решиле да се штедливи. Но, кога ваквите пазарски екскурзии ги прават во најголемата турканица, односно шпицот додека луѓето одат на работа, а учениците и студентите на училиште и факултет, останува само да воздивнеме и да се запрашаме: Нели може да почекате барем еден час и да ги започнете крстосувањата со преполните ќеси кромитче и лукче низ градот?

Бонус: „Селотејпот“

„Селотејпот“ едноставно има потреба да се лепи до вас, иако има доволно место да стои на пристојна оддалеченост. Дури и кога седи на седиштето, се наслонува до вас и му доаѓа слатко да задреме на вашето рамо.

Ќе го препознаете по манијакалниот поглед и непристојното загледување. Доколку решите да станете или да се оддалечите од него, немојте да се изненадите доколку

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg