Како спиењето до партнерот може да се претвори во невозможна мисија?

На филмовите е толку едноставно, партнерите заспиваат прегрнати, цела ноќ остануваат така, се будат утрото и се многу среќни и воопшто немаат ниту згрчен мускул, ниту вкочанет зглоб.

kako-spienjeto-do-partnerot-mozhe-da-se-pretvori-vo-nevozmozhna-misija-01.jpg

Во реалноста тоа е потење на местата каде сте допрени, по некое влакно од коса ве скокотка по носот, еден од партнерите можеби 'рчи, а многу е веројатно дека немате исти навики за спиење, ниту пак исто време.

Можно е да се соочите со некој од следниве проблеми:

'Рчење

Овој проблем го решаваат и двајцата партнери. Едниот бара решение за 'рчењето, а другиот треба да се помири и да се научи да се справува со звуците.

Поради тоа мора да се испита што точно го предизвикува 'рчењето и како може да се делува врз проблемот. На пример, голема улога игра и положбата во која сте легнати, дали сте пиеле алкохол, дали имате пулмолошки проблем или прекумерна тежина. Другиот партнер пак, треба да се навикне на звуците или да носи пригушувачи.

kako-spienjeto-do-partnerot-mozhe-da-se-pretvori-vo-nevozmozhna-misija-02.jpg

Превртување и удирање

Ако партнерите досега ретко делеле постела со друг, сигурно се навикнати да имаат простор за себе. Може да се случи и на едниот да не му е згоден душекот или перницата или да сонува лошо и да се превртува во текот на целата ноќ.

Различни навики за спиење

Ако едната личност е ноќна птица, а другата сака да си легне на самрак. Воопшто не е пријатно тој што си легнува подоцна само да гледа во таван додека другиот мирно си спие. Не е во ред ниту пак да паѓа за спиење, додека другиот гледа телевизија или чита книга.

Решението за ова е договор колку ноќи ќе ги поминувате заедно и како ќе го правите тоа, но и да си дозволите еден на друг да ги практикувате и досегашните навики.

kako-spienjeto-do-partnerot-mozhe-da-se-pretvori-vo-nevozmozhna-misija-03.jpg

Едниот од партнерите заспива со вклучен телевизор

Има луѓе кои за да заспијат, потребно им е да загледаат некој филм и целосно да се исклучат. Добро за нив, сè додека на другиот не му пречи сето тоа и сака да спие во апсолутна темница.

Едниот сака топло, другиот ладно

Секој има различни навики, од кои една е температурата во собата каде се спие. Проблемот е решлив така што едниот може да носи подебели пижами или да се покрие подобро или другиот да носи потенки пижами и полесно да се покрива. Некои парови ова го решаваат на начин што после секс, секој заминува во посебна соба. Со тоа не си ставаат непотребен притисок над главата.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg