10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас
Во ред е да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистина е потребен одмор од пренатрупаниот распоред и брзото темпо на живот.
Дали и вие си поставувате цели за како да станете подобра личност? Дали тоа подразбира и ослободување од старите лоши навики?
Но, кои навики што имаат лоша репутација се всушност добри за вас?
Луѓе на Редит ги споделија своите мислења на темата.
Навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас на одреден начин:
1. Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистина е потребен одмор од пренатрупаниот распоред и брзото темпо на живот.
2. Плачење – не е знак на слабост, туку е начин за олеснување на болката, физичка и психичка.
3. Пцуење – не е културно, но понекогаш кога ќе ви излета некој ваков збор среде стресна ситуација како да си правите самите себеси вербална терапија и си олеснувате на душата.
4. Тресење со ногата – ова може да биде и добро затоа што кога седите долго ви го поттикнува протокот на крв.
5. Зборување сами со себе – некои го сметаат за знак на осаменост, но всушност помага да се концентрирате и да си ги организирате идеите.
6. Некои денови да бидете помалку од 100% продуктивни – и на работа и дома, важно е да го прилагодите темпото на вашата психичка и физичка состојба.
7. Да играте игри умерено – ќе ви се подобри критичкото размислување, способноста за анализирање, мултитаскинг, носење одлуки, меморијата и концентрацијата.
8. Оттурнување на луѓе од вашиот живот – дури и да ве сметаат за лоши и конфликтни во ред е да ги отстраните сите, за вас, токсични ликови од животот.
9. Правење на работите во последен миг – ова е лоша навика само ако не успеете да завршите, но ако успеете тогаш ве учи на работа под притисок и прецизно размислување.
10. Опсесивно чистење – некои ќе ви замерат за ова, но за вас може да има терапевтско влијание.
С. С. | Црнобело