„Братот на мојот сопруг му го донираше бубрегот“ и уште 5 приказни - доказ дека луѓето се добри
-->
За среќа, сè почесто слушаме приказни за добри дела, како кај нас, така и во светот, и токму овие приказни ни ја враќаат вербата дека луѓето всушност се добри. Сте слушнале ли за некоја ваква во последно време?
Јас сакам да верувам дека луѓето длабоко во себе се всушност добри.
-->
Ако и вие сте со оваа мисла, тогаш овие исповеди на луѓе на Редит, ќе ви го разубават денот.
Кратки приказни кои ќе ви ја вратат вербата во добрината на луѓето:
„Откако се породив, одлучив да ја потстрижам косата, која ми беше 35cm долга и да ја донирам за правење перика за некој онколошки пациент“.
„Братот на мојот сопруг му го донираше својот бубрег на мојот сопруг за да му го спаси животот“.
„Годинава конечно почнав да заработувам малку повеќе од што трошиме, па со сопругата направивме пакетчиња за дечињата што се во домови“.
-->
-->
„Пред 7 години мачка роди 4 мачиња во мојот двор и избега. Јас не сум личност која обожава мачки, но одлучив да ги згрижам и да им дадам дом и, на крај, се вљубив во нив“.
-->
„Возев во лоши временски услови и со семејниот автомобил се излизгавме надвор од автопатот. Верувале или не, 25 автомобили застанаа да ни помогнат“.
„Имав тежок ден и локална продавачка ми даде бесплатно цвеќе за да ме развесели“.
С. С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат
Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот
Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето
„Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе
Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден
Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери
„Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...