Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат

Понекогаш луѓето сакаат да поставуваат прашања на кои веќе го знаат одговорот, обидувајќи се да ве фатат во лага. Во некои случаи, пак, ова се прави и за да ве засрамат. Како да препознаете кога некој потајно ве осудува вас и вашите постапки, или пак ве озборува?

kako-da-prepoznaete-dali-nekoja-lichnost-ve-osuduva-vas-i-vashite-postapki-01.jpg

Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа (иако воопшто не е убаво) е сосема нормално.

Некои го прават тоа повеќе, некои помалку.

Некои се сосема очигледни, додека другите не можете ни да ги забележите, бидејќи се дружељубиви и љубезни.

Секако, повеќето не сакаат јавно да покажат дека осудуваат, туку тоа го прават „зад вашиот грб“.

Ако сакате да ги „уловите“ оние кои тајно ве осудуваат, добро е да обрнете внимание на овие мали знаци:

Скриени насмевки со лицата со кои ве озборуваат

Ако некои личности потајно ве осудуваат, најчесто не го прават тоа сами, туку најчесто ве озборуваат во своја создадена „група“ на луѓе кои исто така ја обожаваат оваа навика.

Ако забележите дека до вас има луѓе што таинствено си се насмевнуваат еден со друг, додека разговараат со вас, тоа е знак дека тие ве озборуваат и ги осудуваат вашите постапки кога не сте тука.

kako-da-prepoznaete-dali-nekoja-lichnost-ve-osuduva-vas-i-vashite-postapki-02.jpg

Претеруваат со зборовите за поддршка

Друг знак за потајно осудување е ако некој почне да ви кажува премногу работи со кои сака да ве поддржи.

Ако некому се пофалите за нешто, нормално е да се израдува за вас, но потребно е да бидете внимателни со луѓето што надолго и нашироко ќе објаснуваат зошто се радосни за вас.

На пример, вие ќе им речете дека сте си купиле нов автомобил, а тие ќе кажат нешто во стилот на: „Леле, па тоа е супер! Неверојатно! Одамна го посакуваше тоа, па ти се оствари желбата! Баш заслужуваш!“, а потоа ќе ги наведат и сите причини зошто сте го заслужиле тоа (на кои можеби и вие веќе не се сеќавате)...

Секако, сето ова звучи убаво и можеби таа личност е навистина добра, но, исто така потајно може да ве осудува за некои ваши работи и постапки.

kako-da-prepoznaete-dali-nekoja-lichnost-ve-osuduva-vas-i-vashite-postapki-03.jpg

Ќе се смеат кога нема да бидете во нивна близина

Некогаш луѓето кои тивко осудуваат може да го прават тоа сами, наместо да озборуваат и споделуваат со другите.

Па, наместо да им се насмевнуваат на другите во собата, тие ќе се потсмеваат во себе по она што сте го кажале.

Можеби ќе биде тоа многу тивко, така што едвај ќе може да слушнете. Или ќе го направат тоа кога мислат дека не ќе може да ги видите.

Во секој случај, тоа е знак дека некој сепак ве осудува за нешто што сте кажале или направиле.

kako-da-prepoznaete-dali-nekoja-lichnost-ve-osuduva-vas-i-vashite-postapki-04.jpg

Ќе поставуваат многу прашања, на кои најчесто веќе го знаат одговорот

Понекогаш луѓето сакаат да поставуваат прашања на кои веќе го знаат одговорот, обидувајќи се да ве фатат во лага.

Во некои случаи, пак, ова се прави и за да се засрами некоја личност.

На пример, ако некој знае дека сте во брак веќе две години, тие продолжуваат да ве прашуваат кога бил датумот на вашата венчавка, колку бргу летнало времето, кога планирате деца…

Со овие прашања личноста тивко ве осудува дека долго време сте во брак но немате деца…

kako-da-prepoznaete-dali-nekoja-lichnost-ve-osuduva-vas-i-vashite-postapki-05.jpg

Откако ќе завршите со зборувањето, тие ќе бидат тивки

Дали некогаш сте одговориле на нечие прашање, а потоа таа личност само останува загледана во вас, не кажувајќи апсолутно ништо?

Секако, постои причина истата личност да не се чувствува пријатно во моментот или да чека да продолжите со зборување.

Но, ова исто така е показател дека некој (најверојатно) потивко ве осудува. Зошто?

Затоа што некои луѓе ја користат својата тишина за да се чувствувате непријатно или да ве натераат да се чувствувате засрамено од нешто што штотуку сте го кажале.

kako-da-prepoznaete-dali-nekoja-lichnost-ve-osuduva-vas-i-vashite-postapki-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg