Три начини како да го смирите мозокот кој претерано размислува

Колку и да се трудиме да бидеме подобро расположени, понекогаш во нашата глава се одвива премногу комплициран мисловен процес, кој може да заврши со лошо расположение или тага.

tri-nachini-kako-da-go-smirite-mozokot-koj-preterano-razmisluva-01.jpg

Поради тоа, научете да ги применувате следниве три начини на стабилизирање на мислите:

1. „Забранете“ си нервоза

Кога имате проблем, мозокот е во состојба на претерано размислување и повторување на ситуацијата во себе многу пати. Тоа изморува и создава дополнителен стрес врз постоечкиот.

Обидете се да го споделите проблемот со некого на кого му верувате, а најдобро со личноста која е поврзана со самиот проблем. Исто така, треба да се потрудите помалку да се нервирате поради таа личност или ситуација.

Ако не можете да разговарате со никого за својот проблем, обидете се да го запишете сето тоа што ве мачи или кажете го гласно кога сте сами. Колку побрзо излезе од вас, толку полесно ќе го надминете претераното размислување.

tri-nachini-kako-da-go-smirite-mozokot-koj-preterano-razmisluva-02.jpg

2. Потрудете се да бидете зафатени

Најдете некоја занимација или активност кои ќе ви го исполнат времето, но и доволно ќе ве изморат, така што нема да му оставите на својот мозок доволно време да претерува со размислувањето.

Можете да се обидете со готвење, пишување, трчање, прошетки, јога, пливање... Сите овие активности освен што ќе ви ги смират мислите, ќе ви донесат и здравствен бенефит, било да се работи за физичкото или пак за менталното здравје.

Ако не сте тип на човек кој е физички активен, можете да се впуштите во некој креативен проект и да откриете таленти за кои досега не сте ни биле свесни дека постојат.

tri-nachini-kako-da-go-smirite-mozokot-koj-preterano-razmisluva-03.jpg

3. Предајте се на Универзумот

Некои проблеми, едноставно, ви се лизгаат низ прсти и не сте доволно вешти да ги надминете само со смирување на мислите.

Во тој случај, потребно е да се ослободите себе и да се предадете на Универзумот и неговата сила. Нештата ќе се подредат токму онака како што треба да бидат. Препуштете ги своите грижи на Универзумот и решението ќе се појави кога најмалку го очекувате.

Ова не значи дека се предавате, туку дека сте научиле да бидете флексибилни кон она што ви претставува проблем.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg