6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите
Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по секоја цена. Знак бр. 2 - се плашите да одбиете некого за да не ги расипете односите. Кои знаци откриваат дека газите преку себе за да им погодите ќеф на другите? И како да се смените?
Дали важите за личност која секогаш гази преку себе и е подготвена да се растргне на сите страни или да ги откаже своите планови и обврски за да заврши нешто за некој друг?
Иако е добро да помагате, сепак не треба да го правите тоа по секоја цена, бидејќи со некои постапки правите луѓето да имаат пониско мислење за вас, иако мислите дека оставате толку добар впечаток.
Ве гледаат како некој што не се почитува себеси, па ниту тие не ве почитуваат.
Доколку уште живеете во розов свет, погледнете кои знаци откриваат дека газите преку себе за другите:
1. Ве следи репутација на човек што „секогаш е тука за да помогне“
Сите луѓе во вашето опкружување знаат дека вие сте човекот што никогаш нема да ги одбие ако побараат помош или услуга.
Но, лошо е кога тоа преминува во навика и веќе никој не го цени тоа, туку станува очекувана пракса.
Па на крај, може и да ви се налутат ако некогаш оправдано ги одбиете, а вие ќе бидете разочарани од себе. Веројатно сте свесни дека тоа не ве води во добра насока и дека треба да се промените.
2. Се плашите да одбиете некого, за да не си ги расипете односите
Се плашите некој да не ве направи вас неучтиви иако стопати го имате докажано спротивното, па секојпат завршувате со прифаќање на молби од сите роднини за кои треба да се растргнете за да постигнете.
Во ред е да одбиете, наместо да прифатите и да се каете додека ги запоставувате вашите планови и обврски.
3. Не се борите за вашите интереси
Добро е да се чувствувате важно и корисно, но не по секоја цена и ако тоа значи вашите интереси да бидат запоставени.
На пример, ако постојано вие сте тој што останува до подоцна на работа, ги зема сите дополнителни обврски, затоа што секогаш некој друг има нешто поважно, тогаш дозволувате да ги омаловажат вашите интереси.