Прстите на нозете прецизно го откриваат карактерот - прочитајте каков човек сте

Старите Кинези верувале дека прстите на нозете откриваат многу за човекот, како на пример дали е роден за водач, каков љубовник е, дали е добар за брак…

Prstite-na-nozete-precizno-go-otkrivaat-karakterot-01.jpg

Покрај прстите важна улога игра и ширината на стапалото.

Откријте каков човек сте според изгледот на вашите ножни прсти:

Палецот

Ако е палецот подолг од другите прсти се работи за паметен и креативен човек. Овој човек нема да дозволи да се насоберат проблеми, туку ќе се обидува да ги реши на секој можен начин.

Единствена маана му е што се концентрира само на една работа, па нема шанси да започне едно нешто и да не го истера до крај.

Доколку палецот има иста должина како другите прсти или е само малку подолг, тоа значи дека ваквата личност може да прави повеќе работи истовремено и дека е добар шеф и организатор.

Вториот прст

Колку е подолг овој прст толку човекот е поспособен за водење на толпата. Ако овој прст е подолг од останатите, тоа значи дека човекот е динамичен, а жените со таков прст се склони да им наредуваат на своите мажи.

Доколку вториот прст е пократок од останатите, тоа значи дека се работи за смирен човек кој ќе го набљудува проблемот од сите страни пред да започне со решавање.

Средниот прст

Според старите Кинези од овој прст најдобро се гледа душевната состојба на човекот. Ако е долг, тоа значи дека човекот е многу енергичен и претприемчив, па колку е подолг прстот, толку поголеми се шансите за успех во кариерата. Маана е што понекогаш може да ја занемарат фамилијата за сметка на работата и кариерата.

Доколку средниот прст е краток се работи за човек кого го радуваат малите работи во животот како фамилијата и пријателите.

Четвртиот прст

Ако овој прст е долг и прав се работи за човек кому фамилијата му е ставена на прво место. Многу е грижлив и чувствителен, а кога има проблеми поемотивно реагира на нив од останатите.

Краткиот четврти прст покажува дека се работи за човек кој е многу самостоен и верува дека е сам заслужен за сè што му се случува.

Малиот прст

Доколку малиот прст е краток оваа личност сака забава и неволји. Многу е интелигентен и дружељубив, но бргу губи интерес за нештата.

Оние што можат да го мрдаат малиот прст без да ги мрднат другите се импулсивни, шармантни и многу љубопитни. Токму овие мажи се најпосакувани за кратки врски, бидејќи се полни со страст, тие се одлични љубовници, но не се добри за брак.

Прсти во линија

Доколку сите прсти се во една коса линија од најдолг до најкраток, се работи за прецизна, точна и тактична личност. Маната на овие луѓе е што понекогаш премногу негодуваат бидејќи очекуваат сите да бидат перфекционисти како нив.

Ширината на стапалото

Луѓето кои не можат да седат мирни и секогаш се во движење имаат широки стапала. Според старите Кинези тоа се луѓе кои се приземни и најсреќни се кога работат нешто.

Тесните стапала се одлика на мажите коишто се желни за нежности и внимание. Својот дом го уредуваат така што секој детал ќе им пружи задоволство, ќе ги опушта или ќе ги расположува. Многу се шармантни и не се приземни туку живеат во свој свет.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg