Од куртизана до шпион: Мата Хари – жената која не се плашeла да ја погледне смртта во очи

Историјата ја памети Мата Хари како двоен шпион, егзотична танчарка и куртизана. Родена како Маргарета Гертруда Зеле во 1876 година во Леуварден, Холандија, Мата Хари била танчарка, куртизана и шпионка, која го привлекувала вниманието со својата убавина, харизма и интелигенција. 

Od kurtizana do spion Mata Harizenata koja ne se plasela da ja pogledne smrtta vo oci 01

Во својот живот имала неколку љубовници, фасцинирани од нејзиниот провокативен и мистичен изглед. Станува збор за политичари и влијателни луѓе од многу земји, главно од Франција, Русија и Германија. Во текот на Првата светска војна, Французите ја обвиниле дека шпионирала за Германја, по што ја убиле во 1917 година. Ова е приказната на фамозната, озлогласена и единствена - Мата Хари.

Родена е како Маргарета Гертруда Зеле на 7 август, 1876 година, во Леуварден, Холандија. Маргарета била разгалена ќерка на еден трговец, кој често ѝ подарувал скапи подароци. Семејството живеело во благосостојба до нејзините тинејџерски години, кога нејзината мајка починала, а таткото го банкротирал семејството.

На 19-годишна возраст се омажила за воениот капетан Рудолф Меклауд, по само една недела додворување, со кој отпатувала во источна Индија. Рудолф, кој бил пијаница и коцкар, вербално и физички ја злоупотребувал.

Кога конечно се развеле, Меклауд станал старател над едното дете, додека другото починало под нејасни околности пред нивниот развод.

Od kurtizana do spion Mata Harizenata koja ne se plasela da ja pogledne smrtta vo oci 02

Мата Хари тогаш почнала да позира гола и да се занимава со проституција и егзотичен танц. Во својот танц ги комбинирала и движењата што ги видела за време на нејзиниот престој во Индија.

Својата кариера ја започнала во Париз, кој ја прифатил со раширени раце. Токму таму и тогаш почнала да го користи своето уметничко име - Мата Хари, што значи „сонце“ или „слика на денот“, име по кое останала позната во историјата.

Мата Хари била висока, атрактивна и вешта во индиските танци, а танцувала, речиси, гола. Со своите изведби го привлекувала вниманието и на германската и на француската влада.

Od kurtizana do spion Mata Harizenata koja ne se plasela da ja pogledne smrtta vo oci 03

Кога започнала Првата светска војна таа настапувала во Германија. Иако била сметана за Французинка, сите нејзини предмети биле конфискувани. Германскиот конзулат не сакал да ѝ ја надомести загубата, но и понудил пари во замена за шпионирање на Франција.

Мата Хари почнала да го привлекува вниманието и на француската разузнавачка служба, која сакала да ја депортира. Но наместо тоа, умната танчарка ги убедила да шпионира за нив. Во тој момент Мата Хари станала двоен шпион.

Уапсена е во една рација во еден луксузен хотел во Париз. Пред почетокот на судењето поминала пет месеци во женскиот затвор во Сан Лазаре. Судењето било затворено за јавноста.

Мата Хари е осудена за шпионажа, по што е убиена на 15 октомври во 1917 година. Таа побарала да се соочи со смртта без превез преку очите.

Животот на фаталната жена и легендарната шпионка е тема на околу 250 книги и романи, како и многу филмски сценарија.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg