Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов
Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се оддалечила од сите сакани и, на крај, ненадејно починала потполно сама…
Повеќето сонуваат за милионска добивка на лотарија бидејќи, реално, може да реши многу проблеми.
Сепак, управувањето со огромна сума пари не е секогаш едноставно, особено ако немате искуство.
Парите можат да имаат и негативно влијание врз многу работи во животот, вклучувајќи го и односот со најблиските.
Неколку добитници на лотарија за кои милионите се покажале како клетва:
Маргарет Лори
Во 2013 година, Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија.
Дотогаш, таа живеела со само 83 евра неделно, што за ирски стандарди се многу малку пари.
Кога дознала за победата, прво му се јавила на брат ѝ, кој, пак, сметал дека парите ќе ѝ создадат многу проблеми.
„Најпрво ми кажа мене. И, бевме навистина блиски сè додека не доби на лотарија.
Од тој ден знаев дека победата нема да ѝ донесе добро на Маргарет“, има изјавено брат ѝ.
Притисокот од семејството што го чувствувала Маргарет бил огромен, па само неколку недели по победата, им дала по еден милион евра на најблиските членови и прекинала секаков контакт со нив.
Неколку месеци подоцна, завршила во ментална установа, а добила и парична казна бидејќи возела во алкохолизирана состојба.
Маргарет починала пред неколку години, потполно сама во нејзиниот дом.
Колин и Кристин Вир
Колин и неговата сопруга Кристин во 2011 година освоиле над 160 милиони евра.
Парот од Шкотска ја има една од најголемите добивки во историјата на нивната родна земја.
Им дале многу пари на пријатели и членови на семејството, донирале значителни суми и, генерално, си го подобриле животот.
Но, парите биле причина и за нивната разделба, па во 2019-та, по 38 години брак, се развеле.
Истата година, Колин починал од сепса.