Ја изневерувал со мажи, ѝ давал дрога: Скандалозниот брак на принцезата Маргарет, сестра ѝ на Елизабета
Во 18-те години што биле заедно, Ентони не престанал да ја изневерува принцезата Маргарет и со жени, и со мажи. Често користел дрога, а наводно ја терал и принцезата да користи кокаин и ЛСД. Факти за еден од најскандалозните бракови во британското кралско семејство.
Ентони Армстронг-Џонс беше првиот сопруг на принцезата Маргарет, сестра ѝ на покојната кралица Елизабета.
Шармантниот фотограф лесно ѝ го освоил срцето на Маргарет, но тоа што стапил во брак не значело крај за неговите афери со други жени, но и мажи.
Тие издржаа заедно околу 18 години, но разводот сигурно бил неизбежен кога ќе се земе предвид скандалозниот живот на Ентони.
Неколку факти за бурниот брак на Маргарет и Ентони:
Во младоста, принцезата Маргарет имала врска со Питер Таунсенд кој бил британски офицер.
Но, бидејќи бил во брак, но и многу повозрасен од Маргарет, на принцезата ѝ било јасно дека никогаш нема да бидат заедно.
Откако, пак, бил позициониран далеку од Лондон, Маргарет морала да се помири со фактот дека треба да го заборави.
И, додека тагувала по својата прва љубов, таа го запознала Ентони.
Иако знаела дека е промискуитетен, но и дека сака да спие со мажи, Маргарет сепак му се додворувала.
А, веројатно бидејќи била сестра на кралицата на Англија, Ентони не ја одбил.
Тие се венчале во 1960 година и направиле раскошна свадба, достојна за една принцеза.
Но, неверствата на Ентони почнале уште веднаш.
Првично, на Маргарет ѝ се допаѓало што Ентони ја третира како „нормална“ жена, за разлика од сите кои ја гледале само нејзината титула.
Сепак, според извори блиски до кралското семејство, ова преминало во непочитување од страна на Ентони.
По свадбата, тој продолжил да работи како фотограф, а професијата му овозможувала да спие со многу модели.
Тој ја заведувал секоја млада девојка, а доста често спиел и со мажи.
Кога односот со Маргарет почнал да се влошува, тој дури спиел и со двајца аристократи блиски до кралското семејство.