8 причини зошто на сите ни треба барем еден саркастичен пријател
Не секогаш значи дека саркастичните луѓе не ве сакаат и не сте им симпатични. Понекогаш, само се обидуваат да ве привлечат со малку поинаков пристап.
Па, ако во животот имате барем еден добар, саркастичен пријател, не го испуштајте од раце.
Зошто?
1. Саркастичниот пријател никогаш нема да ви ги ублажува работите кои треба да ги слушнете јасно, гласно и директно.
2. Многу тешко се лутат, бидејќи можат да издржат критики и шеги на нивна сметка.
3. Ве тераат да размислувате надвор од кутијата и границите на обичното.
4. Саркастичните пријатели се најдобриот лек кога животот се руши.
5. Никогаш немаат филтер, па ако цените искреност – тие ви се бесценет човек во животот.
6. Секогаш ви го штитат грбот, бидејќи и најлошите работи ви ги имаат „плеснато“ во лице.
7. Иако знаат да ви ги притиснат сите копчиња одеднаш, знаат и тоа како да ве освестат и вратат во реалноста.
8. Точно знаат кога треба да го исклучат сарказмот, бидејќи само високо интелигентните луѓе знаат како и колку да го користат.
М. Д. | Црнобело