„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“

„Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ деца раскажуваат кога за првпат имале судар со реалноста и сфатиле дека животот не е лесен, но и дека мора да пораснат.

majka-mi-se-razbole-nemashe-koj-da-me-spasuva-razgaleni-deca-raskazhuvaat-koga-i-kako-porasnale-01.jpg

Секој мора да порасне во животот. Некој порано, а некој подоцна. Некој бил разгален и имал сѐ што ќе посака, а потоа се случил животот, кој му удрил шлаканица за да го разбуди и да се освести дека мора да биде поодговорна личност, а други, пак, од мали нозе научиле што значи да се биде одговорен.

На Редит еден од корисниците започна интересна тема - ги праша луѓето кои биле разгалени во детството што било она што ги натерало да пораснат и да почнат да живеат во реалноста.

Во продолжение ви пренесуваме некои од најинтересните одговори:

„Кога се однесував лошо кон една личност што ја сакав и таа одлучи дека е најдобро целосно да ме исфрли од сопствениот живот“.

majka-mi-se-razbole-nemashe-koj-da-me-spasuva-razgaleni-deca-raskazhuvaat-koga-i-kako-porasnale-02.jpg

„Моите родители беа многу богати, па јас и моите браќа и сестри бевме разгалени.

Но, брат ми ги презираше нашите родители и беше премногу бунтовен, па ја отфрли нивната помош.

Штом наполни 18 години, тој отиде на универзитет, и сам си го плати образованието со помош на стипендии, хонорарни работи, платени практикантски работи и студентски кредити.

Се сеќавам дека кога го посетував за време на студиите, секогаш го прашував дали му требаат пари (јас бев помал од него), а тој одбиваше помош.

Живееше во ужасни услови. Изнајмуваше шкафче на кампус, ги чуваше сите работи таму и спиеше на кампусот. Постојано бараше бесплатна храна насекаде.

Тогаш сфатив дека животот е тежок без поддршката од родителите.

Заради тоа почнав повеќе да ги ценам родителите, но и да го почитувам повеќе брат ми. Претходно сметав само дека е деликвент“.

majka-mi-se-razbole-nemashe-koj-da-me-spasuva-razgaleni-deca-raskazhuvaat-koga-i-kako-porasnale-04.jpg

„Јас сум помалото дете во семејството што секогаш добиваше сѐ што сака. Сестра ми беше таа што ги прифаќаше сите компромиси заради мене.

Кога јас сакав нов телефон или компјутер или што било друго – го добивав, а сестра ми сѐ уште си ги користеше старите работи.

Потоа, во еден момент сфатив дека тоа што го правам е погрешно.

Кога ќе се присетам на моментите кога ги добивав работите, веднаш се присетувам на очите на сестра ми која беше многу тажна...

Ѝ го уништив детството, па затоа сакам да се стуткам и да плачам, но не за себе – туку за неа.

Јас бев ужасен брат, многу се каравме и сѐ мораше да биде по мое. Сега сме возрасни и понекогаш кога ја гледам се срамам.

Таа има убаво семејство и на финансиски план е светлосни години пред мене.

Среќен сум затоа што таа сега добива сѐ што сака, но знам дека никогаш нема да се ослободам од срамот затоа што бев премногу разгалено дете“.

majka-mi-se-razbole-nemashe-koj-da-me-spasuva-razgaleni-deca-raskazhuvaat-koga-i-kako-porasnale-05.jpg

„Кога ѝ се жалев на колешката дека батеријата на мојот лаптоп не може да издржи цело предавање и дека се надевам оти родителите ќе ми купат нов за Божиќ.

Потоа дознав дека нејзините родители се бездомници и само се надеваат дека за празникот ќе имаат покрив на главата“.

„Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“.

„Татко ми почина. Ми даде сѐ што ми требаше и што го сакав. Но наместо наследство, добив тужби и долгови. Одеднаш морав да пораснам... Ми требаа неколку години“.

„Мајка ми се разболе од рак и беше во болница 5 месеци. Морав да си го средам животот, затоа што веќе немаше кој да ми ги решава проблемите“.

majka-mi-se-razbole-nemashe-koj-da-me-spasuva-razgaleni-deca-raskazhuvaat-koga-i-kako-porasnale-07.jpg

„Тоа што пораснав и сфатив дека не можам да потрошам 20.000 долари на шопинг само за да се чувствувам подобро“.

„Останав бремена и сфатив дека морам да се грижам сама за тој мал човек. Сама да се грижам за куќата, да готвам, да ги правам сите работи што ги прават сите нормални луѓе.

Потоа и сопругот почина и тогаш навистина морав да пораснам, затоа што тој ја презеде улогата на мој родител откако почнавме да живееме заедно.

Тој правеше сѐ, готвеше, не ми даваше да платам сметки, да носам торба со пелени, количка или бебе кога беше со мене...

И потоа: Бум! Се случи вистинскиот живот пред 5 години и сега сум благодарна за тоа“.

majka-mi-se-razbole-nemashe-koj-da-me-spasuva-razgaleni-deca-raskazhuvaat-koga-i-kako-porasnale-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg