5 гестови кои може да ги направите за пријателите кои минуваат низ стресен период

Рокови, проблеми на професионално и финансиско поле, љубовни или семејни маки – сите поминуваат низ стресни периоди, но важно е во тие моменти пријателите и блиските да си даваат поддршка.

5-gestovi-koi-mozhe-da-gi-napravite-za-prijatelite-koi-minuvaat-niz-stresen-period-01.jpg

Во денешно време постојат бесконечно многу причини заради кои луѓето се под стрес,  а не е воопшто лесно да ги гледате блиските како се измачуваат во такви периоди.

Доколку некоја ваша блиска личност или пријател поминува низ тежок и стресен период, дури и ако не може да ја промените ситуацијата, сепак можете малку да ја олесните.

Покажете знак на внимание и ослободете ги барем накратко од грижите со следниве гестови:

Викнете ги на дружба

Поканете ги на гости, подгответе вкусни мезиња, пијалаци за опуштање, музика за релаксирање или пеење и разговарајте колку што е потребно.

5-gestovi-koi-mozhe-da-gi-napravite-za-prijatelite-koi-minuvaat-niz-stresen-period-02.jpg

Смислете чекори кон остварување цели

Водете ги пријателите чекор по чекор низ ситуацијата, како и до решенијата, заеднички разговарајте, носете заклучоци, пишувајте цели, насмејте се и добијте го тоа што го сакате.

5-gestovi-koi-mozhe-da-gi-napravite-za-prijatelite-koi-minuvaat-niz-stresen-period-03.jpg

Одете на вежбање

Физичката активност е одличен начин за ослободување од негативната енергија, па кренете ги од кревет пријателите кои имаат тежок период и одберете некоја активност која ќе ви биде забавна и корисна.

5-gestovi-koi-mozhe-da-gi-napravite-za-prijatelite-koi-minuvaat-niz-stresen-period-04.jpg

Организирајте излет во природа

Свежиот воздух ја поттикнува позитивната енергија и помага барем накратко да се оттргнете од динамиката на секојдневието, обврските и грижите. Наместо класична прошетка, наполнете корпа со омилена храна, ќебенце и уживајте во природа.

5-gestovi-koi-mozhe-da-gi-napravite-za-prijatelite-koi-minuvaat-niz-stresen-period-05.jpg

Одете на шопинг

Според истражувањата, шопингот исто така помага во ослободување од грижите. Секако, не мора да значи дека треба да потрошите илјадници, но самото шетање и пробување ќе ги оттргне грижите барем накратко.

5-gestovi-koi-mozhe-da-gi-napravite-za-prijatelite-koi-minuvaat-niz-stresen-period-06.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg